Џими имаше срце

Џими, Џими, џимиринкаа носи фустан и се шминка – една мала група на дечишта викаа и одеа зад грбот на едно високо и складно развиено момче коe самошто се враќаше од тренинг. Најмалото пак тригодишно џаврдалце подучено од повозрасните помочковци го тегнеше за ракав и му пееше, Џими, Џими, , џимилинка, носи твустон и се слинка.

Џими воопшто не се налути како што многумина очекуваа, само клекна со широко раширени колена пред малото кукленце, го погали по косичето и тивко му рече:

  • Па кај си ти мило, несум те видел, ехееееј знаеш ли од кога. Ќе сакаш ли да ми правиш друштво да лапнеме по еден вруќ сомун од  дедомилевата бакалница.         

И го зеде на ќукш. Го носеше и не му пречеше што му капеше од    зеленото мрсулче на глава. Џими имаше срце за деца. На кришка сомун, бела маст со црвена солца одгоре и по грутка бело сиренце и густ јогурт од стаклено шише со широко грло. Ммммм, која лапачкаа.

Џими откако го испрати другарчето до дома се врати во суровата реалност дека нема, дека е во криза, дека должи. Се потпре со грбот на “еленчето”што се ставаше зад железниот кревет да не се валка вапцаниот ѕид и зуреше во навезената ракотвтворба  од мајка му, “Домаќице мање збори…”

Џими живееше во својот сон, во своите идеали. Да биде успешен спортист. Да освои многу медали, пехари и дипломи. Од спортот да заработи многу пари за да направи современа болница во која ќе се лекуваат сите, и сиромашни, и богати. Многу сакаше да нема болни и несреќни луѓе. Да има само мир и љубов. Ете такво беше срцето на Џими, нежно и мекано.

Џими немаше кај го нема. Го имаше насекаде. Кој заправил куќа, таму е Џими на помош. Кога ќе се чисти реката Џими е прв. Кога ќе се дарува крв, Џими е неизбежно тука. Него воопшто и не требаше некој да го вика. Тој како да имаше нос за сите луѓе што имаа некоја си мака.

И во црквениот хор Џими беше секогаш присатен. Без изостаноци. Со најчиста и најуредна хорска униформа, како да се гордееше со белата кошула и црните свечани панталони на пегла. Додуша диригентот стално го молеше, Џими немој гласно, потивко, дури му викаше само отварај уста или евентуално на крај да отпееше лала лаа, или нана нааа. И толку. А сите во хорот го сакаа. Кога требаше некаде да се патува многу се изјаснуваа, “ …ако иде Џими ќе идам и јас” И Џими секојпат беше секаде. Претпоставувате кој стоеше во автобусот за време на патувањето, кој носеше торби, кој ги чуваше личните работи додека другите се шетаа. Џими. Џими џимиринка. Џими убавото срце.

Еден зимски ден требаше да се оди на хуманитарен концерт  за помош на едно детенце да се соберат финансии за операција во странство. Џими сите ги гушкаше и им посакуваше топло добредојде во автобусот. Бескрајно им беше благодарен што се наполни автобусот со хористи, негови драги луѓе  само една мисла му беше во глава, ќе се одржи ли концертот, ќе се соберат ли пари од влезниците, ќе се оперира ли детенцето.

По кратко време откако тргна атвтобусот стивна безгрижниот џагор, се надви некоја сериозност  во автобусот и сите молчеа и будно ја пратеа секоја ситуација на патот, секоја удолнина, секоја угорнина, секој свиок на патот. Само Џими се обидуваше да ја разбие монотонијата со некакво ломотење.

  • Луѓе, се плашам ајде да се вратиме, лош е патот,  довикна една повозрасна хористка. И таман тоа го рече автобусот почна да се лизга де лево де десно, слета од коловозот и се лизгаше по банкината. И така лизгајки се едното тркало се надви над провалија. Возачот беше целиот занемен и напнатѓ, со оросено чело  цврсто стискаше на сопирачките.
  • Не е страшно луѓе, не е страшно, само бидете мирни и поминете на другата страна од автобусот да направиме баланс, извикна Џими, се стрча на задната врата, излезе надвор и се обиде да го подбутне автобусот додека гумите беспомошно шлајфуваа. Кога тоа не вроди плод, Џими се обиде да подметне некои камења под тркалото.

И така местејќи, автобусот се здоби со некоја чудна силина, зграби на назад, се извлече на сигурно но, …но убавото срце на Џими не успеа, замина да се тркала во бездната. Врискотници во автобусот, плач и хистерија.

Многу објективни луѓе предупредуваа за реалната опасност од лизгави коловози кои на одредени места беа подледени како огледалце. Но попусто Џими инсистираше да му се помогне на малото ангелче.

Некои очевидци тврдеа дека последните зборови на Џими беа: Оставете ме, побрзајте да не задоцните на концерт.

Концертот сепак се одржа со задоцнување од два дена. Две ангелчиња едното  требаше помош а другото ангелче нудеше помош.

Џими навистина имаше срце.

Џими не успеја да изгради современа болница во која ќе се лекуваат и богати и сиромашни но секако заслужи некоја болница да го носи неговото име, Џими убавото срце. Сите се срамеа што воопшто некојпат го нарекле џимиринка.

Нека е мир во светот.

Веќе подолго време се обидувам да одлучам да се тргнам од вордпрес ама некако не ми успева. Имам потреба од стари познанства и пратејки ги нивните објави уживам во животот.

Денешнава моја тема е Мир во светот.

Да се запрашаме, сега, денеска, …дали имаме мир во светот? Дали некојпат сме го имале? И дали некојпат ќе го имаме. Сите одговори се дискутабилни.

Во која година Господова секаде ама баш секаде било мир на Земјава? Дали бевме ситнодуши кога војни беа некаде таму далеку, а ние сметавме, ааа мирно е нема гајле. Но еве имало гајле. Тоа толку многу далеку било толку многу близу нас.

Многу луѓе гинат во светот. Многу невини жртви. Мајки погребуваат свои чеда. Деца преплашени до смрт. Стари немоќни и да се помочаат а слушаат како одекнуваат гранати и сирени. Ужас.

Немаме доволно пари да финансираме операција на некое дете со ретко заболување ама пари за гранати имаме.

А дали ни се потребни, кули, вили и градови? Територии?

Ех, еден ден можеби сите ќе сфатиме дека ни е потребно само малку храна, доволно вода, чист воздух и многу љубов.

Дотогаш останете ми во добро здравје.

Блогот намерно е во неколку реченици. Кој сака да сфати ќе сфати.

Одговорноста да бидеме разумни и мирољубиви е кај секој поединец. Како што може да се примети во блогот не спомнав дека било кој е во право и било кој во криво. Не спомнав име на ниедна држава, националност или вероисповед. Истиот терк Ве замолувам да биде и во коментарите ако ги има.

Нека е мир и љубов меѓу луѓето.

Јаглика сон сонуваше.

Јаглика беше млада и амбициозна личност.  Беше убава, нежна и кревка како и самиот цвет јаглика. Кожата и беше скоро проѕирна, пребледена од читањето во долгите ноќи над  дебелите книги. За одмор и сончање не и се денгубеше. За неа тоа беше бадијала фрлено  време. Сите школи што постоеа и што беа измислени таа ги заврши. Сите курсеви за компјутери за кои слушнала, ги заврши. Два страни јазика течно говореше и уште со неколку активно се служеше. Безброј титули освои, безброј кратенки постави  пред нејзиното име.

На Јаглика момчето,  беше многу слично на неа. Томче исто беше по книга и по учење. Не пиеше. Не се коцкаше. Човек без пороци. Човек на место. Така барем на прв поглед, на Јаглика и се чинеше.

На ден пред Нова година, Јаглика со своето твинго врвеше по патот накај викендичката во Планината. Намерата и беше да ја подспреми малку. Таму со Томче не идеа често, но идеа задолжително за Дочеците. Немаа време за почести доаѓања.  Нејзините родители пак немаа желба, за нив тоа беше далеку и малтретирање. Така Нејзините ја доживуваа викендичката која со многу труд ја направија и која воопшто не беше во лоша состојба. Јаглика само требаше да проветри, да го стартува каминот на ден пред Дочекот, за да се стоплат ѕидовите.

Така возејќи по угорнина размислуваше за нејзината врска. Размислуваше за неодлучноста на Томче да ја запроси. За него, секојпат не беше доволно добро време. Секојпат, …Има време, му беше омилениот изговор.

Размислуваше и возеше. Како се ближеше половината на патот така таа возеше понесконцентрирано. Дозволуваше мислите да и влијаат на возењето.

И да, се случи тоа што беше нормално да се случи. Таа замислена, патот лизгав, излета од патот во еден ендек и твингото го внурна во еден брег, кој пак се одрони и и нафрли купишта земја врз хаубата. Среќа Јаглика не беше повредена освен што малку ја болеше рамото од ударот во волан.

Ја обзема страв.

Повторно го запали моторот кој угасна при ударот. Вр, вр, вр, проба да ја одглави колата, малку напред, малку назад и сега успеја целосно да ја заглави. Толку многу ја заглави да вратата од кај неа и задната лева беа блокирани од земја, совозачката врата и задната десна водеа кон провалија. Единствената опција да излезе беше гепекот, а гепекот беше заклучан. Идејата да побара помош веднаш се покажа за невозможна, мобилниот немаше мрежен сигнал. Модерното и скапо кутивче во овој момент беше безвредно нешто.

Јаглика беше толку многу исплашена да почна силно да плаче и да рида. Викаше со плач. Пискотници ечеа, удираше со рацете напред, стискаше беспомошно со нозете по педалите.

Се попусто. Решение немаше.

Малку се прибра и почна да му се моли на Бога за некое чудно спасение. Таа излез од безизлезната ситуација не видеше. Го молеше Господа, и Го молеше.

  • Мили Боже, со што ли Ти згрешив? Зарем вака да завршам во пустелија?

Рамото и правеше зголемена болка ама реши да проба да го скрши стаклото од задната врата за да излезе низ принудниот излез.

Внимаваше, да ако види некое светло од случаен авто минувач, да свири со сирената за помош. Но, доцна во ноќта, ден пред Нова Година сето тоа беше утопија. Веројатноста за такво нешто беше многу мала.

Некако со акробатски движења помина на задното седиште, успеа дури и да го скрши стаклото ама не, вештина да се пикне тука низ тој отвор ја немаше.

  • Мила мајчичке, што ли сум грешна? Зарем ова сум го заслужила? Па јас бев мирно и умно дете.
  • Татичко мил, зарем јас твојата ќеркичка мила, вака да завршам?

Јаглика бараше прочка дури и од мачето,

  • Маченце мое мило, прости ми што не те јас исчував и што те дадов друг да те посвои. Не требаше. Згрешив.

Почна да размислува за Томче. Беа договорени да се слушнат одкако ќе стигне во викендичка. Се понадева дека Томче ќе наслути дека нешто не е во ред и ќе тргне по неа. Ќе се загрижи.

Родителите и беа стари и не баратаа многу со мобилните.

Со солзи, со молби, со кукање и плачење дојде и ново утро. Таа заглавена во внатрешноста на твингото имаше доволно време да размисли за се. Целиот живот и помина како на една филмска лента.

Во целата невоља Таа многу размислуваше за Томче. Да, Таа беше таа која дневно по повеќе од дваесет пати ќе му се јавеше,  Еј, здраво, каде си, како си. Таа беше сонцето на Томче која го одглавуваше од секакви невољи. Таа беше Јаглика, Јаглика што го сакаше.

Нов ден се вели и нова надеж. За Јаглика немаше повеќе надеж. Прегладнета, со натечено рамо, акумулаторот испразнет од сирената  и од вклучените светла, сама во ендек реши да напише и проштално писмо.

Пенкало имаше само ливчињата и беа мали, знаете оние со лепенка од задната страна кои служат за подсетник.

-Тато, мамо ве сакам многу. И ги стави буквите во срце, знаете онака како што цртаат децата срца, невино и чисто.

– Бато, немој да плачеш и да жалиш по мене, да ги чуваш мама и тато.

– Томче те сакам, ти си моја љубов. Одсекојпат сум те сакала.

…и уште многу такви ливчиња…се до последното ги истроши, ги изналепи околу неа,

Од болката почна да и се темни. Ја фаќаше несвестица и ја потпре главата да ја одмори.

 И до тука се сеќаваше Јаглика.

Наредното нешто, беше будењето во болница. Да, молбите и беа услишени.

Господ мил и беше напомош.

Господ мил му даде несоница на нејзиниот сосед во Планината.

Господ мил му шепна на соседот дека, Нешто не е во ред со Јаглика. Дека Таа секоја година, ден пред Дочекот доаѓаше на викедичката и му носеше малку внимание, кафе и колачиња. Таа редовно му нудеше и помош во вид на пари.  Ако му се потребни,  нема проблем, секојпат ќе му позајми.

Миле, такво нешто никојпат не побара. Тој беше скромен човек, општ работник во околната пилана, одкако жената му почина живееше сам. Од Планината се спушташе само по месечните потребштини.

Во тој Суден ден, Миле немаше мир. Ноќта се спушти а светлото кај Јаглика не се запали. Не слушна паркирање.

Во таа ноќ некоја сила го подигна да тргне сам пешки со мала џебна батерија да ја бара Јаглика. Да помине десетина километри удолу по патот. И скоро и да се спремаше да се откаже од потрагата кога  ја здогледа колата од Јаглика… Вресна и притрча што поскоро можеше.

Понатаму се умно стори. Едноставно направи се за да ја спаси.

И ја спаси.

 Кога ја расвестија Јаглика и кога исприми инфузии и се друго што и беше нужно потребно, побара полнач и му сврте на Томче.

  • Здраво мил мој, што правиш?
  • Здраво Јаглика, добро сум. Зарем не е малку рано сега да одиме на Дочек? Ај Те молам само да доврши утакмицата, Ти знаеш дека сум по топка. Те молам, немој да ми се лутиш. Та и онака таму ќе дремеме покрај каминот сами.
  • Не, Томче не ти се лутам. Знам дека беше многу загрижен за мене, …и малку замолкна, онака испитувачки го начули слухот што подобро да ги слушне наредните зборови.
  • Зошто да бидам загрижен, зарем се случи нешто лошо?
  • Не. Тоа што се случи е само наизглед лошо. Видов безброј пропуштени повици, си ме барал, си ми пишувал пораки, продолжи Јаглика.
  • Те барав неколку пати ама беше недостапна.

Молк.

  • Мислев да те барам, се подисправи Томче одкако го слушна Молкот како громоти.

На Јаглика и се слоши повеќе одколку за време на несреќата. Уште и лаже, си помисли. И го продолжи разговорот, веќе како некоја игра.

  • Томче, нема врска де, не се оптеретувај, вртел невртел, се исто ти е. И онака сме само во формална врска, ти знаеш и самиот какви ни се ноќите кога сами дремиме пред каминот, …со негови зборови по негов грб, му врати Јаглика.
  • Немој така љубов моја, …Томче проба да излезе од ќорсокак во кој самиот се вовлече.
  • Љубов моја си бил само ти на мене Томче, а јас на тебе само девојка од која нема да се срамиш. Девојка учена, девојка која вечно ќе те чека. Ама Томче, љубов моја бивша, до тука било.

И натаму Јаглика реши со солзи во очите разговорот да го води со мајтапење.

  • Се мажам Томче, …дури и се насмеја гласно да биде збунувачки, …Посакај ми среќа, Томче. Барем тоа го заслужив.
  • Јаглика зарем е тоа можно? Си ме изневерувала за цело време. За кого се мажиш Јаглика?

Јаглика се најде во чудо. Се сплетка и не знаеше како да ја продолжи лагата.

Еден машки прст, машки беше вперен во самиот себе. Тоа беше прстот на Миле. Миле седеше на болничкиот кревет крај Јаглика и ја тешеше дека бргу ќе закрепне.

Силна топлина ја обзеде во лице Јаглика. Чувствуваше благодарност што Миле и даде идеја како да ја продолжи лагата.

  • За Миле се мажам. За Миле од Планината, излажа Јаглика.
  • Ах, знаев, знаев. Одсекојпат сум се сомневал во тој човек. И дури сега ми е јасно зошто толку инсистираше сиве овие години да бидеме сами во викендичката.

Бип, Бип, Бип, …Јаглика исклучи, немаше што повеќе да зборува со деветгодишен познаник. Со странец.

Миле, почна да се извинува. Му беше непријатно.

  • Извини Јаглика, јас сум за се виновен.

Јаглика го фати Миле за рака, …Не грижи се. Се се случило на време. Подобро сега одколку целиот понатамошен живот да ми помине само во сон и тоа само во едностран сон. Сега се свестив дека јас сум само стара мома и дека како таква и ќе си останам.

Миле сакаше нешто да каже. Полнеше уста, полнеше па застануваше. Силно се вцрвени во лицето и толку гласно викна да и од околните кревети сите се свртеа:

  • Епа, тогаш, Омажи се за мене,

…Свадбата беше скромна и се одвиваше во викендичката. Само со ептен најблиските. Твингото како и Томче беа закопани во заборав а патиштата Господови се отворија за две скромни души. Тие продолжија да живеат со нешто преку потребно. Со љубов.

Каминот доби некоја сосема друга димензија. Димензија што одсекојпат ја посакувала нашата Јаглика.

Во Годината на Скакулците.

Мариче привршуваше со месењето, само уште зелникот да го стави во шпорет и готово е, ќе може да здивне и да земе малку душа пре да појде да ги измолзи козите. Па потоа уште еден куп домашни работи, болни родители да види, да им даде за јадење, лекови да им спреми и се друго што им треба.

Сета домашна работа, добиток, па и по нивите неа ја чекаше. Двата брата заминаа еден на една страна далеку далеку, а друг на друга страна уште подалеку. И од кога да чека помош? Сал сама.

Но таа не подаваше слабост, цврсто беше решена да ги исчува родителите како треба, како им доликува.

Така ѕиркајќи во шпоретот, дали зелникот е готов слушна тропање на влезната врата,

  • Домаќини, домаќини, отворете!

Мариче се изненади ама тоа е, куќа е, може некој има мака.

  • Добар ден, ние сме од Комисијата за процена на штета од Министерството, знаете, продолжи момчето како навиено, ако сакате да пријавите штета од скакулците оваа година многу ги има.
  • Штета секако дека имаме, кој нема штета, секој има, … ама потреба од помош немаме, се си имаме, ви благодарам одете си, го прекина Мариче и и пролета една мисла во главата, житото опустошено, брашното при крај, трева за добитокот  немаше,  толку многу ги имаше да додека одиш пред нозете бранови и бранови ЦрниПопчиња поскокнуваа настрана, чиниш во езеро си. Но, Мариче не подаваше слабост, зарем тие да земаат помош, нее, тоа никако, помошта е за сиромашните, му одговори гордо.
  • Еј, момиче убаво, сите пријавуваат, земи си, не се прави будала или јас тебе ќе те земам, … гласно се насмеја со што и стави до знаење за своите намери, малку на шега малку на вистина.
  • Ауу види го, момчето во кондури дошло селска мома да гледа, …Мариче се присети на зборовите на баба Велика, нека и е лесна земјата таа беше одамна почината ама кога и гледаше на филџан црно кафе се и велеше, Мариче не грижи се, ќе дојде година на црни скакулци и тогаш во таа година ќе ти дојде едно фино младо момче.  И тоа не во опинци, на нозете ќе има силно светнати црни чевли. Е, тогаш ти ќе се омажиш, порано не.

На Мариче и дојде смешно што многу работи се поклопуваа што баба Велика и ги претскажуваше и ги покани на зелник што веќе беше готов и топол. Му ги загледа чевлите не беа црни и силно светнати, беа кафеави и правливи од долгиот пат до Планината. По тој лош пат дури и службената Лада Нива не можеше да излезе по угорнина па двете колешки и Митко мораа малку и да пешачат.

Така вака, смешка шала, бидна и појадок и Митко најаден ама и насмејан им соопшти:

  • Ќе ме извините луѓе ама јас се брзам, денеска се женам морам да ги вратам колешкиве назад а и да не ми затворат продавниците веќе e време за назад.

Се поздравија, Мариче не пополни никаков формулар, екипата си замина и секој по својот пат.

Но патиштата божји никој не знае каде ќе се вкрстат. И така и се случи. Се вкрстија така што Митко купи златен прстен во градот, му дотури гориво во службената Лада, ги собра родителите со него, повика една група на музиканти и со две возила едната Лада и една канта на четири тркала, од музикантите грабеa силно по угорнина да ја просат Мариче.

Мариче кога ги виде од далеку како со песна, Домаќине добри гости ти дојдоа и се приближуваат кон домот точно знаеше дека баба Велика била во право.

  • Абе Зајко Кукурајко зарем немаше некои црни чевли да обуеш, па да ги светнеш барем за женачка, се пошегува со Митко…

… да и така се си бидна. Бидна свршувачка во Годината на Скакулците, и се како што доликуваше. Мариче не се оддели од родителите, се преселија во градот ама заедно со нејзините. Господ им дари и рожба, децата пораснаа а сите што ги познаваа велеа дека таква љубов никој нема видено. Такво взаемно почитување, такво сакање, сакање за прераскажување, јас на Вас а Вие на некој друг.

Некојпат и пет минути да си со некого се доволни да знаеш дека тој е човекот кого ќе го љубиш цел живот.

Читав, прочитав, победив.

Читав, прочитав, се засладив. И добро ми е. Се се врати на свое место. Сите планини се помрднаа и се вратија на своите тектонски места. Нови извори потекоа и нови билки никнаа. Земјата распукана се надои со чиста и бистра вода и стана поплодна.

Благодарност до авторот, Младен Хиниќ за оваа прекрасно литературно дело: Босоног путевима макадамским…

Благодарност и до издавачката куќа Алма од Белград за публикација. http://www.alma.co.rs/lib/savremena/savremena1.html

Зошто Ви го препорачувам ова дело? И кому најповеќе?

Оваа дело е со една топла содржина која многу добро прилега на сечија душичка, крепи позитивни мисли и поправа расположение и воздигнува нови погледи кон животот. Наменето е за сите кои упорно врват по сопствениот пат, патот на саморазвој на личноста, пат по калдрма или не, пат низ кој минуваме. Пат кој не го заобиколуваме туку верно го газиме.

Јас би рекол дека оваа дело е чисто љубовно дело, или попрецизно да се изјаснам дело преполно со љубов. Арно ама многу не би се сложиле со мене бидејќи би додале дека содржи и многу филозофски мисли, многу психолошки и социолошки моменти итн.

Кој сака да ми се лути нека ми се лути, јас тврдам ова е љубовно дело.

Свака част пријатељу мој, Младене. Остао си веран вери у Љубав.

Чекаме уште многу убави зборови проткаени со љубов во некое ново дело.

Убавината на оваа дело е помеѓу останатото и во тоа што не не обврзува да читаме страна по страна, можеме да бираме неврзани наслови кои во даден момент ни се чинат за интересни. Јас просто неможам да се одлучам за некои бидејќи сметам дека ќе бидам неправеден кон останатите. Правев некои списоци со десет најубави текстови. Десет дена правев списоци и секој ден тие десет наслови беа поинакви, денеска сметам дека тие десет се најубави ама утре веќе не, тоа се некои други десет. Така да ако Вие се одлучите за некои и сте сигурни во тоа повелете препорачајте во коментар под блог.

Сепак еве неколку: Кажу да вољена жена не стари, Лептир плавих крила, Словима покушавам, Више је нема, Струне моје душе, Опраштам, Кад одем, Ако се буде запитала…

Знам неправеден сум према останатите наслови, проштевајте.

Читајте луѓе! Да читаме! И со убаво пишаниот збор да останеме нормални во оваа ненормално време.

Уште многу убави содржини на блогот од авторот Младен. Следи линк. https://mladenhinic.com/

Ве поздравувам од срце, Вашиот Херр Момо.

Кралот Ловин

Расказ со кој учествував на награден конкурс од Сковин винарија. Честитки од срце за наградените творби.

         Во едно дамнешно време, таму далеку, постоеше едно кралство со кое вледееше кралот Ловин. Таму убаво се живееше. Луѓето беа задоволни а кралските даноци беа мали и можеше да се заработи. Трпезите беа богати, луѓето убаво облечени а децата стокмени со многу играчки.

И се ова ќе беше многу розово да не беше една голема мака што го мачеше Кралот. Многу ноќи беа непреспиени во изнаоѓање на решение. Но го немаше на повидок. Кралот не знаеше зошто  во неговото кралство веќе трета година нема никаква свадбена веселба. Никој не се женеше, ниедна не се мажеше.

И кралицата беше загрижена за нејзината ќерка и стално го тераше Кралот да тргне низ кралството да бара некое мудро решение.

Кралот виде, невиде ја свитка опашката и беше приморан да ја својата жена.

Еден ден, Кралот без своите слуги и без неговата кочија облечен во скромни алишта замина на врв од планината каде што живееше стариот мудрец со бела брада.

  • Добар ден почитуван дедо, јас со една мака до тебе, ќе сакаш ли да ме примиш во твојот дом, му прозборе Кралот и направи наклон нанапред со телото.
  • Ах, секако, секако, во мојава трошна колиба никој со години не влегол, повели влези и пред било што да ме прашаш да ти одговарам. Треба да направиш три работи:

Треба под земја да ископаш длабока и широка визба.

 Треба да насадиш од ова свето семе,

…и трето, На тој што си направил грев, од него да побараш прочка и да му дадеш првин на него да се напие од тој нектар од ова свето растение и ќе си го решиш проблемот…му пружи во рака неколку семчиња и му промрморе,

  • Извини ме сега, јас сум стар и уморен, морам на починок.

Кралот се стресе од зачуденост и страв, како ли старецот знае што ќе  го прашам и згора на тоа не му се допаѓаше што брзо брзо беше набркан од мудриот човек ама се воздржа од коментирање. Му се заблагодари, повторно му се поклони и нога пред нога тргна да се враќа кон кралската палата.

Помина година дена, Кралот изгради голема визба покрај палатата, и поминаа уште неколку години додека семето пророди ама човекот на кој многу му згрешил не успеа да го најде. Едноставно не знаеше кој ли е тоа. Дури и гласници по кралството врвеа и со труби трубеа дека богато ќе се награди човекот на кој кралот многу му згрешил. Доаѓаа многу и се пријавуваа, земаа златници за одштета но главниот се уште го немаше.

Кралот повторна собра храброст да појде кај  мудриот старец и да го моли за помош како да го најде неправедно навредениот.

     Ќе ги најдеш најтажните вљубени  и ќе ги прашаш што е љубов. На тие што ќе имаат најточен одговор на нив ќе им го отстапиш престолот.

Кралот првин тргна да ги бара најтажните вљубени. Многу животни стории се наслуша. И се одлучи за една. Така седејќи на масата со семејството им раскажа за кого се одлучил. Ќерка му занеме. Како да и се слоши. Ја миеа со ладна вода, ја викаа, ја молеа да пушти глас ама залудно. Таа кутрата занеме. Додека ја тормозеа да прозборе од раката и испадна слика од нејзиниот сакан.

  • Лелее, кај ќерка ми слика од машко, ќерко кое е оваа момче, ја праша Кралот.

Но залудно ќерката од страв занеме, се стаписа.

Кралот издаде наредба да се пронајде момчето од сликата. Го бараа кај офицерите, го немаше. Го бараа кај лекарите го немаше. Го бараа насекаде и најпосле го најдоа. Се запознале додека таа влегувала во кралската дворана за бал а тој стражарел на влезот.

  • Обичен стражар ќерко, слуга, потрчко ли избра ќерко ааа…и викаше Кралот, Тоа ли го заслужив?

Кралицата ничкум на колена го молеше Кралот да биде умен и да не се противи на нејзиниот избор.

Добро, тешко се сложи Кралот.  Што е љубов? Кралот го праша стражарот.

Почитуван Кралу, Љубов незнам што е. Јас само знам дека ја сакам Вашата ќерка, но исто така знаев дека ќе и бидете лути на Вашата ќерка што не се вљубила во некој со титула и затоа Кралу јас на никого ништо не реков. Си молчев Кралу како риба.

  • Татко, не мачи го момчето. Јас се заљубив прва во него. Јас прва го бакнав, проговоре ќерката одкако се напи од гроздовиот нектар.

Тоа е момчето што скокна во реката да ме спасува додека скокавме по крстот. Сите пливаа накај крстот иако ме гледаа дека ми се слошува и дека се давам. Кралу тој беше најблиску до крстот ама се сврте го батали крстот и почна спротивно да плива накај мене и ме спаси. Кралу му го должам животот. Поради обичен грч во нозете ќе се удавев.

  • Аааа, а зошто јас незнам за оваа ќерко, се вчудоневиде Кралот.  Да молчиш две години ова мора да е љубов, гласно констатира Кралот, ааах силно се протегна со рацете високо, со насмевка на лицето провикна,
  • Музикантии, бргу ваму. Па јас сум се исполнил како што ме учеше мудриот старец. Само уште кралски круни да нарачам.

Сите беа запрепастени. На никого не му личеше дека Кралот се шегува. Ама ваква одлука дека ќе го отстапи кралскиот престол на стражар никој не очекуваше.

На четиринаесетти ечеа труби, пехарите беа преполни со вино, се пиеше, се јадеше, песни љубовни се пееа и многу млади се гушкаа и закажуваа нови свадби. Љубовта конечно победи.

Со чаша вино поубаво се бакнува тврдат тие што искусиле.

Годините потоа покажаа дека Кралот имал добро срце и направил добро што го послушал стариот мудрец. Стражарот по година дена се откажа од кралската работа и со својата сакана си замина да живеат крај реката и одгледуваат прекрасни лозови насади.

       Ова е уште еден доказ дека љубовта го прави она што никој неможе, со волшебна сила ги руши сите бариери, го спојува неспоивото и обединува две души чии срца чукаат само во еден ритам.  Ритамот на љубовта.

Трнлив пат преполн со рози.

Возот полека прикочуваше кон станицата. Возбуденост тага и очај кај група на млади луѓе. Сите се спремаа за симнување, ги спремаа своите торби и едни на други си помагаа молчешкум без зборови. Дури и без мимики се разбираа. Двајца го грабнаа третиот и на раце го спуштија низ скалите надвор од возот.

Силен свиреж и татнеж и возот замина. Останаа стадо изгубени луѓе. Изморени, ненаспиени, осамени, преплашени, депримирани. Група млади изгубени во свемирот.

Се избакнаа, се изгушкаа и се разделија.

Нашиот главен јунак, инаку јунак само во оваа приказна се развртуваше околу наоколу да се ориентира за патчето што води кон неговата колипка. Кон неговата куќа, кон неговата сеуште невенчана сопруга.

Многу нови градби, патчето повеќе небеше калосано, сега асфалтирано, се се нешто подизменило, ништо не е како порано.

Како наближуваше срцето се повеќе му тупореше. Ах сливчето пред дворот го исекле, оградата остарела, се подгрбила навнатре, бојата избледела, чиниш страшно е болна.

Ранецот му тежеше а уште повеќе му тежеа спомените како се делеше од дома, од саканата, од родителите. Му навираа слики со голема брзина. Му се плачеше.  Истовремено и срцето му се радуваше, ќе ја види саканата. После толку време пак ќе ја види, ќе ја бакне, ќе ја допре. Ќе и се насмевне што повторно ја гледа.

А дали таа нему ќе му се израдува? Ејј а што ако не е сама? Лелее,  а што ако е мажена за друг? Не, сепак не е можно, тие многу се сакаа. Ама многу, многу.

Скрцна капијата, навлезе внатре и се осврна лево десно. Немаше никаков мурчо да го апне за ногавиците. Се приближи до влезната врата и шок го дрмна. Си ја виде својата плаката, тажен помен свој, за себе. И сликичка од него.

Фујјј, да му се плукнам на животот, тие ме прежалиле. Јас не постојам, починат сум.

Стоеше ничкосан, што да прави. Да тропне, да повикне, да се врати назад? Да се врати назад, ама кај да се врати и кај кого?

 Мора напред. Нема назад.

Ѕирна низ пенџерето. Саканата, веројатно дека е таа,  миеше садови.

Троп, троп и здивот му застана, стоеше како балван.

Саканата, како да слушна нешто, како да и се стори. И продолжи со садовите.

Повторно и посилно троп троп.

Саканата се препна, се уплаши, се стаписа, кое амле е во ноќта, некој да и тропа на врата.

Пријде кон вратата, ѕирна низ шпиунката, и преплашено продума.

  • Кој е, што барате волку касно, одете си инаку ќе повикам полиција!
  • Јас сум, …и нанатаму ништо не прозборе, гласот му се фати, ни збор не можеше да изусти повеќе.

Вратата полека и со тенко чкрипење се подотвори. Убаво женско лице, на смрт преплашено провири преку еден мал агол од вратата.

АААААА, вресна и тргна да ја затвора вратата.

Тој туркаше, таа туркаше. Тој малку насилно влезе и со раце ја задржа веќе онесвестената сакана. Таа се ничкоса на подот и ги преврте белките на очите навнатре.

Утредента, со првото утринско кафе се бакнуваа и го расплеткуваа периодот на разделеност од две години.

Со посебни искри во очите кроеа нови планови. Тој посака да и подари многу внимание за сето изгубено време а таа посака да му ги залечи лузните на душичката. Како две галапчиња со скршени крилја се обидуваа пак да полетаат во нов живот. Во нови победи.

Љубов.

Љубовта е посилна и од северниот и од јужниот пол. Заслепува и расонува истовремено. Дава смисол на бесмисленото,  од невозможното прави возможно, на црното  му дава малку розова боја а на вљубените им помага да преживеат.

Блиц од животот.

Уште неколку часа го делеа заљубеното момче од денот Д. Ден кој требаше да се преживее, … ама како, е тоа беше вистинско прашање на кое немаше валиден одговор.

Смислуваше разни стратегии на однесување, Де вака, Де така, Да се биде ладен како шприцер, Искулиран како борачите во ринг,   Да ја сврти сериозноста на настанот на шега па макар и на своја сметка.

Ништо од сето тоа не помогна. Се приближуваше кон салата за свечености и веќе чувствуваше како грлото му се стега во една голема кнедла. Нозете му се кочеа, назад да се вратат. Бадијала дома вежбаше пред огледало, Со среќа нека Ви е, Ви честитам. Со среќа нека Ви е…

Го избра вториот ред од седиштата за да се присокрие кога ќе го слушне судбоносното ДА.

Го знаеше целиот текст напамет и кога веќе требаше да се изговорат волшебните зборови, силно замижа, ги преплетка прстите стегајки ги и во себе изговори молитва, Мили Боже, целата моја среќа додели и ја нејзе.

Додека ги разменуваа прстените силно трепкаше со очите да не се стркала некоја невоспитана солза низ образот. Се присети и на  рачно изработениот прстен од ореово дрво и ореова лушпа. Ах, детски ветувања, со овој прстен се заколнувам дека вечно ќе Те сакам.

Под некој агол и го гледаше лицето. Сакаше да извлече одговор на многу прашања, Дали е среќна, Зошто му раскина, Зошто така набрзина и уште уште илјадници Зошто.

Кога излегуваа од салата за свечености и заминуваа во ресторанот на вечера размислуваше дали и е ладно во таа тенка бела свилена кошулка. Дури и посака да и го понуди своето сако како некогаш кога седеа на седенките до фајронт во летна бавча.

На првиот бал што го отвараат младенците точно му ги гледаше грешките во чекори на младоженецот. Ах, си мислеше, ја сум многу подобар во Виенскиот валцер. Фустанот и беше така разигран и и се оцртуваше нејзината убава става. Одсекокаш таа имала вкус за убаво облекување ама оваа вечер стварно беше прекрасна принцеза како тој што посакуваше да му биде.

Но не му бидна. Не нему. Бидна на својот најверен другар.

Така течеше веселбата а тој целиот стутулен во аголот на салата, таму зад еден столб ја подигаше чашката со стара лозова жолта секогаш кога ќе ја видеше со насмевка на лицето.

И беше среќен, ееј Таа е насмеана, среќна е.

И сите ние така претпоставуваме.

Потоа ништо спектакуларно не се случи. Се случи понеделник, па вторник, па еден месец, па друг, па една година, …и така со ред.

Секое добро на сите принцези на овој свет. Бидете среќни.

 

Manuelni rad.

 

Manuelni rad to je ono kad mašina neće automatski I poluautomatski pa da pokrenemo traku kliknemo na onu tipku gde je nacrtana ruka I onda traka se pomera napred sve dok držimo to dugme. Čim pustimo traka stane.

Mi izgleda sve više neznamo šta je to ručni rad. Pod ručni rad jos uvek shvatamo to heklanje i tako to nešto s koncima. Ono pletenje vunjene čarape aaa to ne, to je praistorija. Tek furka vreteno kudelja razboj aha ha haaa

Koje ručne alatke danas koristimo? Nož da sečemo hleb, ali radije kupujemo hleb na kriške da se ne mučimo. Kada oštrimo nož. Nikad, bacimo i kupimo drugi. Čuli smo ono, Nož ti je da dereš žabe. Motiku smo načisto zaboravili. Možda radi one socijalističke, Uči sine da ne bi radio. Oklagiju neću da spominjem ona se retko koristi a često se zloupotrebljava protiv nas, mi što smo jači pol.

Sad bi mi neko rekao, Jooj bre Momo nisi u djuniju, a mnogi i pojma nemaju šta je to biti u djuniju. Kako da tehnikom štapa i kanapa stave kuću u djuniju su znali naši predci. Zidali su kamenjem a majstori koji znaju zidati kamenjem kažu da Kamen ima devet lica, sto bi značilo da na devet načina ga možemo sazidati. Mnogi od nas ne vide ni jedno lice a ne devet. Smem li da Vas pitam koliko osoba poznajete što znaju da zidaju kamenjem. Koliko bunardzija znate? Koliko kolara, stolara, tišlera. Dobro tišleri još tu i tamo nadju se, ali ko zna da restaurira drveni krov od neku staru kuću a da se zadrži autentičnost. Znate oni krovovi što su grede ručno radjene pa su uklamfovane bez eksera. Vrabac ili dvostruka makara. Zna se vrbac na struju.

Ima li kod Vas da neko radi kovanu ogradu? Daa, ima oni što rade imitaciju sa gotovim elementima I džvrk džvrk aparatom na struju sastave. Pa to nema ni K od kovane ograde. Kovana ograda je da se uzmu dva komada pa na kovačku vatru usijaju i lupaju dvoje pola sata I to muški da sastave. E to je kovana ograda.

Sad sve na struju, Majka Muju šišala na struju, koji brica sad koristi samo makaze, škrapne par puta ostalo uzduž i popreko mašinicom i ajmo sledeći.

Svi smo sad samo gotovani. Koristimo gotov mašinski malter, krečimo polikolorom, neznamo da okrojimo voćnjak, za kiflice nazovemo sa popularne društvene mreže ženu da nam napravi kiflice i tortu, auto nam drugi pere, a tek gumu da zalepimo sa tip top lepenkom, a neee toga nema, to je bilo u doba ranije, sad heble nosimo u auto samo za odbranu od agresora.

Znamo li da svežemo dzak brašna na biciklu? Teško, za to bi nazvali stručno lice, rabadžiju iz komšiluka. Ma više ništa neznamo, i pertle na cipele vežemo na trup.

Sve ovo malo karikiram jer smo izgubili osećaj za manuelni rad bilo kojeg tipa. Koliko daljinski koristimo samo kad ih naredjamo jedan do drugi, za ovo za ono uhaa.

Dali je ovo pravo vreme da se navratimo na neke osnovne stvari?

 Puno smo se pogospodili da neznamo ručno ni nos da obrišemo. Izgleda da ručno još uvek  samo dobro mazimo žene. Ništa drugo.

Sad vidim kako mi se ženski rod smeje ali ipak one su Dame i neće mi kontrirati, Čisto iz pristojnosti.

Pozdravlja Vas Herr Momo.

 

 

Стојанка.

 

Расказ со кој учествував на еден литературен конкурс кој од некои технички причини не се одржа.

Недела. Четири часот наутро. Стојанка си го миеше лицето и со брзање си ја чешлаше косата. Алармот и беше стокмен за во четири и половина но таа се разбуди порано.  Душата и плачеше за спиење.  Стана да им замеси топло лепче за дечинката. Се прекрсти пред иконата и се помоли за прочка. Одкако и почина стопанот целиот животен товар надвисна над нејзините плеќи. Децата, машкото три и постарото женско пет годинки растеа и сакаа да јадат. Машкото честопати и велеше на мајка си:

Мамо,  како ќе пораснам ако не јадам, гладен сум.

На Стојанка и се темнеше пред очи, срцето и беше свиткано од тага. Црни мисли ја мореа, да се фрли во Вардар и да си ги реши маките. Но кога ќе се сетеше дека децата ќе останат сираци и без татко и без мајка се предомислуваше и уште поревносно работеше.

Друга работа неможеше да најде и чистеше скалила по зградите. Секој ден по два влеза, по пет шест ката, по еднаш со метла и по два пати со сунгер и вода. Па да скине пајажина и згора на се да ги светне стаклата од прозорците.

Тој ден, …оној ден кога беше недела, на Стојанка и се случи нешто несекојдневно. Станарите од третиот кат од жолтата зграда кои беа некаде во странство се вратиле и и исплатија за цела година колку беа одсатни. Стојанка со изненадување ги зеде парите, им се заблагодари и во истиот миг почна да ги распределува парите. Толку за ваму, толку за таму, малку ќе оставам за вечера а останатото ќе раздолжам долгови.

За вечера најдобро да направам бакардан со урда, …или пак, тавче ориз со пилешки крилца, …хм, хм, премногу е обично и секојдневно, па јас секој ден немам волку пари. Ќе направам убава вечера да се помни, ќе купам мелено месо и ќе направам ќофтиња.

…се премислуваше и се премислуваше.

И дотекна дека би било добро и по едно сокче да им купи.

  • Даа, добро се сетив, зарем моите деца не заслужиле по едно густо сокче, в ред ли е вечно да ги залажувам со оние најефтините.

Се одлучи за сок од боровннки, малку да им ја подобри крвната слика.

  • Попат ќе свратам и до слаткарница, барем по едно колаче со овошен крем, па деца се, нека каснат да се засладат малку.
  • Само уште шарени балони ќе им купам нека се насмејани, нека скокаат, нека се радуваат.

Посака кутрата уште многу добрини за нејзините дечиња. Да им плати неколку дневен одмор во некое летувалиште. Да им купи убави алишта. Да им плати часови по страни јазици. Само и навираа идеи и идеи.

Уште два ката имаше да доврши и брзаше колку што е можно побргу. Рацете и беа вкочанети од студ, прстите и беа помодрени од ладната вода но таа не запираше. Брзаше. Јуреше нагоре надолу по скалите.

Така летајќи …

Така летајќи се препна од кофата и се спружи и тресна на подот.

 

…итната медицинска помош имаше уште еден случај за хирургија.

Две дечиња таа ноќ не се смееа, вечераа свинска маст со црвена сол и солзи им се тркала низ обравчињата за нивната мамичка. Ги причува соседката. Од утредента Стојанка со едната нога во гипс куцаше и ги бакнуваше своите деца додека тие спиеа а таа го молеше Бога што поскоро да оздрави да им се врати на скалите.