Местенки.

 

Гледав една емисија на ТВ, заправо тоа беше една анкета на случајни минувачи  а тие беа анкетирани, Од што највеќе се плашите? Одговори имаше многу различни, од пајаци и змии, од темнина, од смрт, страв од затворен или отворен простор, …од се и сешто, ама најбројни беа тие што се плашеа да не изгубат работа.

E, стварно е тоа страшно, прилив нема а обврски стигнуваат ли стигнуваат. Сметки за струја, вода, парно, плин, интернет и мобилни телефони, порези, прирези, дорези, нарези, …а каде е фрижидерот?…па уште и глоба, сте плукнале во погрешно време, додека ветерот дувал со брзина поголема од 50 км на час а тоа е строго забрането. Ако ве уште стрефи да Ви треба медицинска помош, е тогаш држ ме мајко се … А за арно што Ве викаат, за свадба, крштевка, венчавка а чевлите се исчољкале…бегај бегај не да е страшно него е езиво.

Сепак има нешто пострашно и од тоа. Денешнава тема, Местенки. Е тоа е најстрашното.

Шефе шефе, мљац мљац мљац, шефе шефе, њам њам њам, и Вие од тука натаму сте ја надрљале. Џабе знаете и лимеси и интеграли, не ви вреди ни што знаете кај му е главата а кај му е газот на протонот или неутронот, не Ви вредат сите дипломи од оксфорди и моксфорди, кога некој уперил прст во Вас и Ве бургија, полека, сигурно и тенденциозно.

Со Вас јаде, заедно појадувате во иста менза, го сочекувате да заврши, го честите пијалок, тој со салфетката си ја брише устата а со едно око гледа во Вашиот череп, зема димензија  и размислува каква кројка на капа најповеќе би Ви одговарала.

 Што се случува после. Па после секако има втора епизода, како од некоја сапуница, ти реков, ми рече и како јаготка на шлагот е глув телефон: Разговарат двајца, знаеш што, го видов НН како пие кафе со ММ, …после едниот од нив вели на трет, абе другарот мој ми вели дека НН многу се дружел со ММ и нон стоп ги гледал на кафе, а овој му вели, ќе пијат, мораат некаде да се сретнат да си се договарат за шверц…штом овој се сомнева за некаков шверц мора да ја испитам работата…абе да не си чул дека НН бил шверцер…штом кружат гласини дека е шверцер, сигурно е некој криминалец…ауу зарем некој на нас ни е потребен во фирмата, абе он има одлежано 10 години у затвор, веројатно и интерпол го бара…него знаеш што, додека не е предоцна, ајде ние двајцата да го претумбаме, да му ги дигнеме нозете и да го зајдеме одзади.

И така тие двајцата кај шефот, њам њам и лап лап.

Вие после докажувајте дека за дваесет години ниеднаш не сте задоцниле на работа, дека сте верник во Бога, дека Вашите намери се чисти и бистри…ма плачите ако сакате тивко ако сакате на глас.  Битно се собрала дружина да го сакат Божина.

Такви има насекаде, ситни во душа, срце како на зајаче, јаки на јазик а под јазик отров појак и од Ланате.

За нив само пекол пострашен и од Дантевиот.

.

.

.

 

NAMEŠTALJKE.

(…ako prevod nevalja to je zato što je prevela moja malenkost)

 

Gledao sam jednu emisiju na TVu, ustvari to je bila jedna anketa od slučajne prolaznike, a oni su bili anketirani, od šta ili od čega se najviše boje? Odgovori su bili jako različiti, od pauka i zmija, od mraka, od smrti, strah od zatvoreni ili otvoreni prostor, od sve i svašta ali najbrojniji su ipak bili oni što su se bojali da bi mogli da  izgube posao.

Е, stvarno je to nešto strašno, priliva nema a obaveze stižu li stižu. Računi za struju, vodu, parno, plin, internet i mobilni telefoni, danak, denek, dinek, dunek, …a gde je frižider? Pa još i kazne, pljunuli ste u pogrešno vreme, dok je vetar duvao sa brzinom više od 50 km na sat a to je strogo zabranjenо. Ako Vas još strefi da Vam treba medicinska pomoć, e onda drž me majko… …sam se. A šta ako ste pozvani za nešto lepo, na neku svadbu, krštenje, venčanje a cipele se izgvacale, beži beži ne da je strašno, jezivo je.

Ipak ima nešto još strašnije. Današnja tema, Nameštaljke.

Šefe Šefe, mljac mljac mljac, šefe šefe, njam njam njam, i od tu nadalje Vi ste ga nadrljali. Džaba Vam što znate limese i integrale, ne vredi Vam što znate gde mu dupe, gde mu glava protonu ili neutronu. Ne vrede Vam sve diplome od oksforde i moksforde, kad je neko uperio prst u Vama i Vas burgija, polako sigurno i tendenciozno.

S Vama jede, zajedno doručkujete u istu menzu, sačekavate ga da završi, častite ga piće, a on salveticom briše usta i posmatra jednim okom Vašu lobanju, uzima meru, kroji Vam kapu.

Šta se dešava kasnije? Kasnije svakako ima nastavak, druga epizoda iz neke sapunice, rekla kazala, I kao jagoda na šlagu je gluv telefon: Razgovaraju dvoje, znaš, video sam kako NN pije kafu sa MM…posle jedan od njih kaže trećem, čuj priča mi drug da NN non stop se druži sa MM  i da ih jako često vidja gde piju kafu zajedno…a ovaj mu kaže, šta će, moraju negde da se vidjaju da se dogovaraju za šverc…čim ovaj sumnja moram da preispitam stvar…čuj, da nisi čuo slučajno da je NN bio švercer…čim kruže glasine da je švercer to mora da je neki kriminalac, auu zar je takav nama potreban u firmi, pa on je bio 10 godina u zatvoru a verovatno da ga traži i interpol…nego znaš šta, dok nije prekasno, hajde da mi njega lepo fino pretumbamo, da mu dignemo noge i da ga zaobidjemo sa zadnje strane.

I tako njih dvoje kod šefa njam njam i lap lap.

Vi posle dokazujte da niste zakasnili ni minutu za 20 godina, da ste vernik u Boga, da su Vaše namere čiste i bistre, …ma ako hoćete plačite u sebi ako hoćete i na glas. Bitno skupila se družina da vole Božina.

Takvih ima svuda okolo naokolo, sitni u duši, srce ko u zeca, jaki na jezik a ispod jezika otrov jači i od Lanate.

Takvima samo Pakao od Dante Aligijeri…i to 10 krug.

 

 

 

Advertisements

Рози на Џадето од Душко Трифуновски е најдобар расказ за 2018 година

via Рози на Џадето од Душко Трифуновски е најдобар расказ за 2018 година

 

Трет обид, два обида за реблогирање.

Си зедов малку слобода да Ви земам малку слободно време.

Решив да го реблогирам блогот затоа што сметам дека не е лошо уште еднаш да му придадеме важност на овој преубав конкурс, конкурс за краток расказ или јас би го нарекол Можност да ја претставиме убавината на македонскиот јазик. На кој начин можеме да ја претставиме убавината на македонскиот јазик на читатели од немакедонско говорно подрачје? Па оваа е најубавиот начин.

Верувам дека сите помалку докажавме дека знаеме да твориме, ама некако јас лично не сум задоволен од восхитот на учесниците од завршетокот на конкурсот, од овациите, од честитањата.

Некако, како да сме малку егоистични. Како сите да очекувавме да бидеме ние самите победници, или барем да победеа нашите фаворити.

Ете моите фаворити не победиа и што сега, треба ли да не ја споделиме среќата со победникот…ЕЕЕ јас баш се одлучувам до сочувствувам со среќата на победникот. Од срце, мои честитки.

И молба до организаторот на конкурсот, што поскоро да го одреди датумот за следен конкурс, затоа што да направам споредба сега се купуваат карти за Виенскиот новогодишен концерт, сега веднаш после новагодина.

Јас на овој конкурс учествував со овој расказ.

 

Девојчето со изгубена насмевка – Херр Момо

Здраво девојче!

Не, Те молам немој да ме негираш сè уште си за мене девојче. Нека Ти се годините, годините не Ти пречат. Воопшто не се многу. И да, како и секогаш изгледаш преубаво, претпоставувам дека многу внимаваш на исхраната. Убавото лице станало уште поубаво, со дневни и ноќни кремички, зарем не?

А да Те прашам бе девојче, кај ја изгуби насмевката…и зошто, зошто?
Јас Те паметам како насмеана, со една многу природна и гласна насмевка.
Со тие бели запчиња под таа насмевка.

А види сега, убава, ама брате многу си озбилна…како сите гладни и жедни од светот да се на Твојот грб, …како да сакаш да го решиш глобалното затоплување на планетава.

Одмори се девојче.

Помини на стари места.

Земи здив.

Помирисај дали сè уште местата мирисаат на љубов.

Помини низ паркот покрај училиштето…побарај ја нашата клупа, можеби сè уште стојат нашите иницијали врежани за време од беганите часови.

Пробај да се сетиш на вкусот на принцез крофните и лимунадата со вкус на круши во единствената слаткарница во градот и на масата број четири во аголот.

Можеби ќе си спомниш и …
…и како не буткаа со нозе во дрвените наслони од седиштата на кои седевме во киното Напредок, додека зимските јакни ни ги прекриваа рацете што се милуваат а ние го гледавме индискиот Бидаи по незнам којпат.

Знам, ќе кажеш, било поминало. Минатото не се враќа.

Не, нема да се вратат одморите во Како Струга Нема Друга.

Да, денеска нема толку убаво сонце како тогашното кое толку убаво го милуваше Твоето костимче за капење со цветен дезен додека Ти го разбрануваше езерото пливајки со тие прави нозе. Ах тие денови, и тие непреспиени ноќи…ноќи на гитаријади во Соколана. Ноќи на логорувања, шатори за двајца и концерти на Ваљак.

Сè било попусто. Човекот еднаш замижува, а Ти замижа во најкобниот момент.

И Твоето Да кое Те окова.

Можеби да бев подобар стражар, …и да имав некое наградно оtсуство, …и поштарите побргу да ги носеа писмата во боја, …и да имаше некое скратување кое ни го ветуваа…и Ти да имаше поголема верба во нашите соништа…

Можеби, можеби.

П.С. Јас се уште сонам со отворени очи. Девојче Те земам во раце, Те пренесувам преку куќниот праг и Ти ја враќам изгубената насмевка.

Автор: Херр Момо

 

 

 

Мигот бил пократок од едно намигнување.

…одекна плач во болницата и една затка од шампањско се заби во таванот, …насекаде смеа и гушкање…цицалчето го тегнеше цицето се до третата година…потоа се осоколи, не само дека одеше без дубак туку и потрчкуваше помочкото…а писмените ги пишуваше како од шала, … и никојпат не учеше дома се додека не го заврши средното…и оддрапи во сивомаслинестото, …па се хранеше во студентските мензи се додека не го рече она судбоносно Да…и кога го рече, набргу се слушна плач по ходниците…а највеќе се радуваше на плачот од најмилите на своите најмили…и се така им беше од корист, ги шеташе и ги воспитуваше…им помагаше…а кога веќе не можеше, воедно и болеста сосем го дотроши…веќе сите беа принудени да го предадат во специјализираната геријатриска установа…и се слушна плач…тивок плач…неколку душички плачеа, едно гревче испушти душа…насекаде пепел и прав…неее…пепелта беше од цигарите на сестрите во бело, а правта беше од кондурите на посетителите…тој сеуште не беше се престорил во пепел и прав, тој само што тргна во заборав.
.
.
.
Животот како песочен часовник непрекинато тече, а само миговите на среќа остануваат како навистина нешто вредно во животот.

Svi bi samo sport i rekreaciju.

Došlo neko vreme meni nerazumljivo. Svi bi nešto skroz nabrzaka, da se cilja u cilj, da se potom pokupe čaure, da se obrišu tragovi u snegu i da se više ne poznajemo ama nikako. Ne nismo se nikad ni sreli…ma ne poznam Te, možda onako iz vidjenja.
Meta je upucana. Malo višlje ili malo niže nije ni bitno. Možda visoko u breg, možda nije ni u metu, al jbg ko da je to bitno, poslužitelj izvršio paljbu.
Sve sami neki sportisti na kratke staze, sprinteri…na dan dva…možda nedelju dve, al nikako, zakon je preko mesec dana aaaa neee, to nikako.
Menjam glagol oseća, …Ja se osećam dobro, boli me briga kako se Ti osećaš, bitno da se On oseća dobro…mi se dobro osećamo kad pevamo Ko to svoje neda a tudje bi sve od reda, …vi se osećate kako se osećate, …oni(čitaj one) se osećaju popišano.
Ako kažes da si Ti hiljadu ili ti tisuću i jednu, ja sam čoveče tisuću i dve, eee jbg što nisi reko tisuću i dve na vreme, pa matematika ima uvek jednu plus, ja bi tisuću i tri, ajde lovačke priče su uvek zanimljive.
Tri sata ono čisto bez pripreme…skroz efektivno…ma direktno penali čoveče bez zagrevanje, eee ako računamo i predigru tri dana, tri noći, sedam sata i četrdeset minuta.

.
.
.
Bio s jednim kolegom na po “jedno“ piće, spopala me muka, nisam imao hrabrosti da njemu sve ovo spucam u facu pa evo malo seruckam ovde, ovde me niko ne dira, …ne treba mi toalet papir, hvala, ćaoooo.
.
.
.
Možda sutra ujutru obrišem ovaj blog a možda i nisam previše zabrljao pa nek ostane.

Стоп за петарди.

Липе цвату, све је исто ко и лани… И лани, и полани, и преклани, море и како паметам за себе секоја божјановагодина се едно те исто. Прднибоженанашавеселба, веселба со петарди.
Секоја година ќе трубиме дека се забранува употреба на петарди и друг пиротехнички материјал, ама ние ќе си баеме а караванот ќе си врви.
Одкај ли не снајде оваа бедна навика да се пукаат петарди за Нова Година. Што ли е тоа толку возбудливо и интересно да се пукне петарда. Дали сме појаки? Дали желбата да свртиме внимание кон себе е заправо позадината зошто пукаме петарди?
И тоа што сме живи сведоци на црна хроника каде икс дечиња се останати без прсти, и тоа не не опаметува.
А производителите се се повеќе екстремни во количината на барутот во едно полнење на една петарда. Па тоа не е веќе петарда, тоа е топовска експлозија.
А како ли се чувствуваат животните, кучињата и мачињата, или старите и болни лица кои будни го дочекале изгрејсонцето и таман склопиле очи а децата ќе им треснат петарда под прозор. Што да прават…Да пријават во полиција, а ха ха хаа колку е тоа смешно, затоа што има многу убаво да им се насмејат во фаца. Ма дајте луѓе не замислувајте социјалистички милицаец кој со пендрек во раце ќе брка деца со петарди. Тоа заминало во plusquamperfekt, бившо минато свршено време.
Сега сме модерни и модерно се забавуваме, а јас сум нелиберален и старомоден тип со застарени сфаќања.
Јас да се прашувам, како што воопшто не се прашувам, јас би сите кои се одговорни за овој граѓански проблем а замижале пред своите обврски, замижале за да си го наполнат џебот, сите би ги закачил на бандера за нивните репродуктивни органи.