Сѐ е креација.

Постојат многу, речиси безброј видови на креации.
Прво, креации што самата природа ги створила.
Некоја река која со години тече низ своето корито прекрасно го извајала каменот и го направила да биде за нас во воодушевувачка форма. Или обликот на некоја круша. ( Некои можеби го паметат Кривото Крушче Паланечко). Така извиткано извитоперено просто да му се чудиш и со поглед да го студираш како е можно како такво да порасне.
Второ, креација на платно, …во глина, …копаничарство, …креација со музички ноти, …поезија и проза итн, итн.
Трето, креација во движење, танци, балет, борилечки вештини, жонглерство…знаете ли колку труд е потребно една балерина да вложи за една претстава од час можеби два…
Четврто, креација во ракотворби, боцкај боцкај гоблени, вилерови или поинакви, хеклај боди со тие игли натака навака…не е лесно, не, не.
Креациите се супер, нарочно ако имаме добро зајре.
Но многу е тешко, дали ќе се сложите со мене, да насликате масло на платно на пр: тема, Огин во камин, ако немате црвена и жолта боја… Вистинските уметници ќе успеат и со темни колорити да прикажат пријатни пламени јазици, ама ретки се таквите, …реткост, како иконата Мајка Богородица насликана во црна боја.
Сосема слично е и со животот.
Добра семејна подршка, семејно наследство, семејна титула и слично е добра поткрепа за добра животна креација.
Но, што ако од никаде ништо…Ако сивото е од последната, педесеттата нијанса на сиво, …ако наследените гени се пошегувале, па сме добиле многу несовршено тело.
Дозволете ми да Ви претставам еден мој сограѓанин. Животен уметник. Човек со БИТНО смалена работна способност. Секојдневно, дали е плус 40 или минус 20, на велосипед 15 км до работно место, …и уште толку да се врати до дома…со велосипед да го земе детето од градинка…сопругата му почина млада, набргу почина и татко му…мајка му уште порано.
Самохран родител, пере, пегла, готви, учи песнички, бои цртанки…човек со срце големо како Петар Велебит.
Вистински уметник.
Секој човек има право на избор. Избира дали ќе оди по патот на светлината па колку и да е трнлив тој пат, преполн со препреки како атлетската патека или стихијно ќе се препушти на ситни земни залажувачки задоволства.
Вербата во позитивното, во природното, во човечното ни дава сила да бидеме лавови во очите на дечињата наши.
Насмевката на едно добро нахрането детско меше е повредна од најскапиот џип на светот.
Сѐ е креација.
Животот е креација.

Advertisements

CREPES NEGRA RELLENAS DE CALABACIN,GAMBON Y RICOTA SERVIDO CON UNA SALSA SUAVE DE PESCADO

Дозволете ми да Ви ги претставам моите пријатели од блогот: https://cocinaitaly.wordpress.com/

Тие презентираат вкусни рецепти од различни области. На мене повеќето ми се допаѓаат. Целосно рецепт како рецепт никогаш не го пробувам ама крадам идеи од блоговите и пробувам да ги вклопам во секојдневната бркотница наречена живот.
Често немаме време за готвење и сме склони на брза храна за која сметам дека можат да си ја дозволат само млади луѓе со одличен метаболизам, кои подоцна во животот кога нема да бидат толку млади ќе се каат што конзумирале таков вид на храна.
Храната е лек. Да, јас верувам во оваа отрцана фраза. Храната навистина е лек, ама секоја индивидуа мора сама да си го пронајде лекот, односно типот на исхраната која ќе му годи на неговиот организам. Секој шаблон од тип на исхрана е погрешен. Ниедна исхрана неможе да биде унифицирано добра за голем број на луѓе. За едните е одлична, за другите е добра, за некого скроз нечини.
Во животот сум уживал гурманска храна, па бев вегетаријанец, па макробиолошки се хранев, па хроно исхраната ја засакав, а на денешен ден на добар пат сум да ја најдам својата совршена диета, …од сето набројано, земени фрагменти…кога велам диета мислам на тип на исхрана а не на гладување. Гладувањето е исто така добро, за здравјето на човекот. Ги поздравувам постите од било кој тип, верски, здравствен и слично.
И уште малку ќе Ве давам со Сакам, Несакам…
Месо јадам од секаков тип, ама во многу мали количини…Риба обожавам. Сакам јадења што се јадат со лажица, чорби и варива, без запршки. Сирење обожавам, нарочно овчо, нарочно жолто биено. Од тестенини сакам пици со многу маслинки. Салати ги сакам скоро сите освен мајонез салатите. Супи сакам кремасти густи супи со печурки. Од зачини омилен ми е магдоносот. За десерт сакам нешто лесно, засладено со стевиа или со мед. Од овошја највеќе сакам цреши и вишни.
Аперитив една, ( ама една и тоа 0,3) мастика струмичка…после добар оброк, 250 мл. мерлот или гаме.
Последен оброк во 17 часот, прв оброк два часа после будење…
Ви благодарам за внимание, …повелете украднете некоја идеја од моиве пријатели.
https://cocinaitaly.wordpress.com/2016/07/21/dos-ensaladas-aguacate-y-gambas-mas-giulieta/
.
.
.
.
…исто така ги ценам и поздравувам https://myhankerings.com/

cocinaitaly

Buenas dias a todos el mundo hoy voy a proponer mi ultimo plato como son una Crepes negra rellena con gambon,calabacin y ricota,servido con una salsa de pescado(bisque).Plato adapto a la navidad que se acercando o por un dia de fiesta,de seguro exito ,ya que te gusto ha quedado muy rico,con una presentacion adecuada se come con los ojos.Plato facil da hacer,el tiempo de preparacion no es muy largo,con un coste moderado.Dicho esto vamos con la receta.

INFORMACION

  1. Dificultad:media-facil
  2. Tiempo total de presentacion 80 minutos
  3. Dosis: para 6 personas
  4. Coste moderado

INGREDIENTES:

La masa de la crepes:

  1. 0,500 ml. de leche
  2. 300 gr de harina 00
  3. 4 huevos entero mas 1 yema
  4. un poco de sal
  5. unos cuantos sobre de tinta de sepia
  6. 50 gr de mantequilla (sirve solo par cocinar la masa)

El relleno:

  1. 20 gambones
  2. 2 calabacin
  3. 2 ricota de  250 gr. cada una
  4. una pizca de sal

View original post 567 more words

PAELLA DE PESCADO

cocinaitaly

Buenas dia a todos el mundo ,hoy voy a proponer un plato tipico español osea la paella. Como primer consejo es muy importante tener un buen caldo para que el resultado sea bueno,despues estar muy cuidadoso cuando ponemos el colorante para paella ,hay que poner una cantidad justa para que no salga con un gusto demasiado fuerte ,tambien hay que tener por supuesto buen fondo y buena materia prima ,si hacemos la paella de solo pescado hay que tener pescado fresco,como siempre hay muchas variantes para hacerla yo ve digo como la he aprendido en varios años de trabajo.Dicho esto vamos con la receta.

INFORMACIONES:

  1. Dificultad media
  2. Tiempo total de preparacion  1 hora y 15 minutos
  3. Dosis para 4 persona
  4. Coste medio

INGREDIENTES:

  1. 1,2 litros de caldo de pescado(cantidad aproximativa)
  2. 450 gr. de arroz bomba
  3. 4 cigalas
  4. 4 gambones
  5. 500 gr. de mejillones(la mitad lo abrimos dejando sin cascara)
  6. 250…

View original post 401 more words

Srećan Vam svetski bezgaćni dan.

http://blogs.worldbank.org/europeandcentralasia/mk/node/886#comment-992
http://blogs.worldbank.org/europeandcentralasia/mk/node/886
Што се случува ако не ја платите својата сметка? Извлечени поуки од централна и источна Европа

SUBMITTED BY GEORGIA HARLEY ON THU, 08/24/2017
CO-AUTHORS: SVETOZARA PETKOVA





• ADD COMMENT
Also available in: English

Сите ние имаме редовни сметки за плаќање за сеприсутните услуги кои ги трошиме – било да се работи за комунални услуги (вода, затоплување, електрична енергија итн.), кредитни картички, членства или отплати за автомобили. Но, не сите ги плаќаат своите сметки.

Во целата економија овие неплатени сметки се претвораат во милиони предмети за извршување од мала вредност, кои честопати се неспорни. На економијата ѝ е потребен систем кој брзо, евтино и првично може да се справи со ваквиот долг. Доколку системот за наплата на долгови потфрли тоа доведува до низа системски проблеми кои постепено ги задушуваат како судовите така и целата економија.

Во неколку земји каде што работиме во Европа – главно во средна, јужна и источна Европа – судовите се заглавени со огромен број на заостанати предмети од ваков вид. Сепак, некои од нивните соседи успеале да го решат проблемот.

Зошто луѓето не плаќаат? Зошто некои земји се подобри во оваа работа од другите? И што може да се направи за да се подобрат системите за наплата на долговите?

За да се изнајдат тајните на нивниот успех и да се нагласат извлечените поуки за другите, Светска банка тукушто објави нов извештај, Во прилог на ефективно извршување на неспорни парични побарувања: Лекции од источна и од централна Европа.

Зошто луѓето не плаќаат (и зошто е тоа важно)?

Некои велат дека проблемот на неплатените сметки е чисто симптом на сиромаштијата – луѓето едноставно не можат да си дозволат да платат. Други пак се поскептични и укажуваат на сеприсутното користење на мобилни телефони во регионот, вклучувајќи ги тука и сиромашните. Тие велат дека проблемот на неплатени сметки, особено сметките за комунални услуги, се однесува на конкретната култура и контекст – во поранешните социјалистички земји во Европа комуналните услуги беа субвенционирани или целосно обезбедени од страна на државата и граѓаните едноставно не стекнале ’навика‘ да плаќаат. Некои други пак тврдат дека ограничувањата на можностите на давателот на комуналната услуга да ја прекине услугата поттикнува неплаќање.

Проблемот со неплаќањето на сметките за комунални услуги најчесто се надополнува самиот себеси. Доколку процесот за наплата на долгови не се спроведува добро, граѓаните секогаш го дознаваат ова и помалку е веројатно дека ќе плаќаат. Оттука произлегува ефект на снежна топка: компаниите трпат загуби, судовите се заглавуваат, а судиите и вработените го губат своето време на мали, честопати залудни предмети, додека пак значајните предмети остануваат во редот на чекање. На крајот, страда правосудниот систем, како и целата економија.

Кои земји добро работат?

Некои земји направиле систем на ’подвижна лента‘ за постапување по овие предмети делотворно, ефикасно и правично.

Еден пример е Естонија. Сите неспорни предмети во Естонија се решаваат во еден единствен судски оддел, Центарот за платни налози сместен во обласниот суд Парну. Таму работат само 4 судски помошници и 29 други судски службеници кои постапуваат по барања за извршување на неспорни побарувања во рок од само 10 дена и по цена од 45 ЕУР по побарување. Доверителите можат да поднесуваат барања за парични побарувања со вредност до 6.400 ЕУР и постапката е целосно електронска. Центарот разгледува околу 40.000 барања годишно.

На сличен начин, електронскиот суд во Полска, оддел на регионалниот суд Лублин – Вест, има надлежност над целата територија на Полска. Таму работат само 8 судии и 119 судски службеници кои се дипломирани правници. Во 2015 година, електронскиот суд издаде околу 2 милиони налози за извршување. Доверителите во Полска можат да поднесат барања аз издавање на платни налози без оглед на износот на побарувањето. Судската такса е само 1,25% од вредноста на побарувањето. Процесот исто така се спроведува целосно електронски и трае околу 10 дена.

Постигнување на рамнотежа

Успешните земји постигнуваат рамнотежа помеѓу економичноста и почитувањето на правата на граѓаните. Тие користат ефикасни (честопати централизирани) процеси кои ја користат моќта на ИКТ. Имаат воспоставено постапки по кои должниците можат да ги оспорат побарувањата, а по приговорите се постапува поединечно, брзо и со почитување на правата на граѓаните. Овие земји имаат здраворазумски правила за законските ограничувања, како и поттици за спојување на слични предмети – со што се спречува акумулирање на заостаток.

Со оглед на тоа дека решенијата, дури и оние од соседните земји, не можат прост о да се препишат и спроведат во други земји, овој извештај исто така го анализира управувањето со реформите, политичката економијата, како и можностите за зголемување на свеста и управување со промените.

Во извештајот, Во прилог на ефективно извршување на неспорни парични побарувања: Лекции од источна и од централна Европа, даден е краток опис на низа можности, како и одредени препораки за творците на политиките заинтересирани за ваков вид на прагматична и практична реформа.

Извешајот е објавен на српски и бугарски, хрватски, македонски и албански јази
• Tags:
• Private Sector Development
• Law and Regulation
• Europe and Central Asia
• Croatia
• Romania
• Latvia
• Lithuania
• Hungary
• Czech Republic
• Slovak Republic
• Slovenia
• Macedonia, former Yugoslav Republic of
• Bulgaria
• Estonia
• Serbia
• Poland
• Montenegro
Add new comment
Your name

!!!!!!!!!!!…од тука натаму е мое обраќање…

E-mail
За да некого нешто казните најпрвин треба да имате правна основа. Правната основа исто како и стапот има два краја. Пред да го казните, треба странката да има право да се жали…да се жали ама на некого што може да му помогне а не само формално и психолошки да му олесни на душата. За таква институција во Македонија јас незнам…знам дека постојат некои формални институции колку да се фалиме дека ги имаме.
Лесно е да се исклучи струја на некого ама кај да се пожалиме за неквалитетна услуга, …за низок напон…замислете правите свадба и музика стоп, чекајте да дојде струја…или замислете угостителски објект со неизладено пиво, драго и мило гостинче извинете ама немаме струја…или Ти златару Тебе Те ограбиле преку ноќта, извини што не Ти испорачавме струја за алармен систем…
Исто за вода, често ја снемува…кога доаѓа водомерите вртат од воздухот што го ствара притисокот и така имаме едно нереално отчитување на реално потрошена вода, …плус несоодветно претерано хлорирана…и затоа ќе си переме длабоко во ноќта бидејќи немаме притисок на вода за пералните.
И икс други примери, …комунална хигиена работи со неисправни камиони уште од Хитлер заостанати кои врвејки по улица разнесуваат отпадни течности.
Ние мора да ги плаќаме сметките. Јас сум еден граѓанин за пример кој многу уредно ги плаќа своите сметки ама поентата на целиот текст е дека не треба само казнување, треба да има институција која реално ќе ги притисне сите овие компании да го зголемат нивото на одговорност кон потрошувачите на нивни услуги како и да воведе повеќе наплатни пунктови за да луѓето достоинствено си ги плаќаат своите обврски.

Herr Momo

Danas odbeležavamo Prvi svetski bezgaćni dan, Dan bez gaća. Nemoj da guglate to sam ja revolucioner, to ja tako odlučio.
Kako se čestita? Prijatelju ( Prijateljice) Srećan Ti bezgaćni dan, izvoli na kafu kod mene. Taj drugi odgovara, Hvala također i Tebi, evo samo da skinem gaće i dolazim.
Zašto nam je manjkao ovaj praznik?
Da bi pokazali koliko smo srećni što imamo ovakvu svetsku makroekonomsku politiku. Zato priključimo se i mi kroz našu mikrodomaćinsku ekonomiju: Ne nosimo gaće, manje peremo, …manje voda, manje vrećice praška, ne peglamo gaće…eee što smo se mi navikli da se luksuziramo, peglamo gaće uzduž i popreko, pa okreni ih na drugu stranu, pa opet peglamo uzduž i popreko, pa mala zadrška, akcent na ta, …znate na ona mesta.
Trideset dana, to su trideset pari gaća plus uveče kad idemo u bolji život ne nosimo iste te od jutos, …to su znači preko pedeset.
Pedeset…

View original post 69 more words

Srećan Vam svetski bezgaćni dan.

Danas odbeležavamo Prvi svetski bezgaćni dan, Dan bez gaća. Nemoj da guglate to sam ja revolucioner, to ja tako odlučio.
Kako se čestita? Prijatelju ( Prijateljice) Srećan Ti bezgaćni dan, izvoli na kafu kod mene. Taj drugi odgovara, Hvala također i Tebi, evo samo da skinem gaće i dolazim.
Zašto nam je manjkao ovaj praznik?
Da bi pokazali koliko smo srećni što imamo ovakvu svetsku makroekonomsku politiku. Zato priključimo se i mi kroz našu mikrodomaćinsku ekonomiju: Ne nosimo gaće, manje peremo, …manje voda, manje vrećice praška, ne peglamo gaće…eee što smo se mi navikli da se luksuziramo, peglamo gaće uzduž i popreko, pa okreni ih na drugu stranu, pa opet peglamo uzduž i popreko, pa mala zadrška, akcent na ta, …znate na ona mesta.
Trideset dana, to su trideset pari gaća plus uveče kad idemo u bolji život ne nosimo iste te od jutos, …to su znači preko pedeset.
Pedeset, puta ovoliko, …puta onoliko, to su bre troškovi.
Ovako osvestimo se.
Muški, odelo ili pidžame bez gaće, ženske, haljine ili spavaćice bez gaće. Pa da vidimo hoćemo li već jednom da prknemo malo ekonomski.
Svi imamo brdo elektronske kartice od svetske banke a opet u minusu, pa u minusu. …jbm „nane love“ „ maro“ na rate.
A kako bi živeli da nas ne kreditiraju ove belosvetske?… na banke mislim.

Димче и Ванче.

Димче и Ванче беа неразделни другари. На иста возраст беа, од исто маало, во исто одделение учеа, е едино што и во иста клупа не седеа.
Кога играа џамлии си го даваа, кога играа кривамагарица се пазеа еден друг, најдобрите голови паѓаа кога тие си ја додаваа топката еден на друг.
Се запишаа во исто средно училиште, почнаа да билдаат со исти конзерви од салата наполнети со бетон во исто време, почнаа да си ги бричат првите влакненца во приближно исто време.
Гуштерчиња беа во иста октомвриска класа, и одслужиа во исто време.
И се беше добро, …и се беше добро…ма не беше добро, беше повеќе од совршено, …едно спиење ги делеше.
…ееееееееее, …е, е, е, …е сега тука во приказната влегува Евааа, Ева НеАдамова.
Е таа, таа беше малку неодлучна дали повеќе и се допаѓа Димче или Ванче.
И веќе слутите, Димче му ги врати грамофонските плочи на Ванче, Ванче му го врати дигитронот касио што на подарок го беше добил Димче од вујко му, итн…итн.
Ај што не зборуваа, не зборуваа, се сочекуваа кај паркот, море тепање, море локви крв и шиења конци во итна.
Ева, мува не ја лазеше, гајле си немаше. Подоцна не се омажи ни за Димче, ниту за Ванче. Се омажи за некој си трет. А Димче и Ванче скоро и да остареа ама се уште не зборат и се рогачат еден на друг кога ќе се видат.
.
.
.
P.S. Ви препорачувам една книга: Планета жена, Д-р Јово Тошевски. Одамна сум ја читал ама длабоко ми е врежана во мојата меморија. Не ја вбројувам во моите десет омилени, ама ако ја прочитате сигурен сум дека ќе Ве наведе на размислување. Ако гуглате на латиница, Planeta Ž ( Ž sa kvačicom) ena.

Госпоѓата со црно пежовче.

Госпоѓата со црно пежовче јуреше по автопатот. Возеше со многу неприлагодена брзина и нервозно грицкаше од ѓеврекот. Згора на сето тоа и штрачкаше на мобилниот и со рака го чистеше елегантниот фустан од сусамот што и паѓаше од ѓеврекот.
Тоа не ја спречуваше ногата со црна елегантна лакирана чевличка со висока потпетица силно да ја стиска педалата за гас.
Набргу стигна на одредницата и на самиот влез од зградата, на обезбедувањето му се обрати со сигурен тон, “…oд невладина “и му се насмевна во лице, како на некој што му се смеете што тој се смее а не го разбрал вицот.
Горилото во униформа само се потргна на страна и со рака и го покажа ходникот кој впрочем и од авион се видеше.
Со сто грама црно кафе разбра во која соба лежи Н Н. А потоа лесно ја најде собата број 112. Во креветот лежеше стара жена болна од атрофија на мускули и од шише со цуцла пиеше млеко.
Госпоѓата со црно пежовче со насмевка на лицето и посака добарден на болната жена и веднаш го отвори прозорецот и ја изнесе лопатката да ја испразни.
– Чедо зошто си сама, зарем не доаѓате по дветри како секојпат, како сама ќе ме искапеш?
– …ааа мајче денеска не е денот за капење, и колешките грипосале и морав сама да дојдам…само ќе си поприкажеме малку ако си расположена…многу сакам да слушнам за Твоите резултати во пливање додека си била млада.
На старата жена и се озари лицето и веднаш почна да си ломоти по системот, бабата си бае тоа што си знае…и прикажуваше, …и прикажуваше…дури и покажа и слики исечоци од весници за нејзиното рекордно време во пливање.
– …а мајче ќе ми кажеш ли нешто за мажот ти? …или тоа нека остане тајна?
– … чедо мое зошто да биде тајна, еве го на слика, …и и потури црнобела фотографија целата истуткана и свиена…тој беше гитарист ама многу млад почина во сообраќајка и останав сама.
– …па добро мамо, ќе ми кажеш ли зошто Ти мене никојпат не ме сакаше, зошто се откажа од мене?
Старицата силно ги отвори очите и одеднаш настана еден молк, една гробна тишина.
– Те сакав, ама …
Госпоѓата со црно пежовче, со паломичка и ја притисна устата како да сакаше да и го избрише млекото од цуцла, ја поткрена малку, и и ја поднамести перницата, го затвори прозорецот и без довидување се сврте, излезе и сосема тивко зад себе ја затвори вратата.
Потоа без брзање си го возеше своето пежовче и на раат си го дојаде ѓевречето.