СМС, ес ем ес.

 

Седум години се забавувам со Боле и навистина сум среќна, …срце ми е Боле, многу ме сака, многу ме почитува, ко швајцарски саат е, никогаш не доцни на рандеву. Зошто да се пати, да ме чека на раскрсница а ќе доцнам 20 минути ќе му напишам една порака.

Боле срце мое, ќе доцнам 20 минути.

Уауу, …Седум години се забавувам со Наде и ова ми се нема случено. Толку многу ја сакам а таа приметувам дека ми се лади. Дали се ова некои нови моменти во нашата врска. Паф, паф, паф, ќе доцнам 20 минути…и другпат е доцнела па сум ја чекал, што ли и значи оваа порака. Можеби сака нешто индиректно да ми каже, Боле бркај си работа…како баш сега кога изгубив работа ми соопштува вакво нешто…додека Боле идеше на работа добар беше, сега не чини. Ќе и вратам порака.

Наде, доцни душо ако сакаш и до сабајле, сеедно ми е.

Лелеее, абе што е ова работа, …аман за аман, мајко мила што се случува, …Боле се помрднал со умот. Види види мојот Боле што ми вели сеедно му било…Сега ова намерно ме растажува затоа што положив возачки испит па му е страв, ќе му падне машкоста ако јас возам.

Более, ако ти е сеедно причекај ме додека да дојдам, а ако сакаш и немора воопшто да ме чекаш.

Значи точно ее. Решила да ја разнебитува работата. Веќе нема сомнежи, …и немора воопшто да ме чекашкратко и јасно. Седум години ја носев во срце, зарем заслужив вакво нешто, ја чував како капка вода на дланка. Добро, ќе преживее Боле, …и не мора да бидам среќен, нека биде среќна со друг.

Наде, гледам сакаш крај. Еве го. Крај Наде.

Што ли видов сиве овие силни години во него? Јас сум мислела тој за мене се би сторил а тој неможел да ме причека 20 минути. Ако треба цел живот ќе си го проплачам ама не се понижувам повеќе.

Размеморирај го мојот број Бошко, …и заборави ме.

Надежда, веќе почнав да ги бришам сите слики на фејзбук кај што сме биле заедно.

Бивши мој, врати ми ги подароците, …сите до еден.

Прежалена моја, јави се на твоите родители дека сме раскинале.

И уште неколку ес ем еса, тие не се примерни за на блог ама знаете.

.

.

.

Повеќегодишните љубовни врски завршуваат со крах затоа што се претпоставува што мисли другиот, …или во превод заради глупост. Тука не се работи заради одсуство на љубовта, …тука е заради одсуство на комуникација, дијалог. Погрешни претпоставки, избрзани зборови, па навреди во лутина, …и на крај инает. Јас кај што плукам не лижам е последната парола на двајца долгогодишно вљубени.

Ве поздравувам.

 

Advertisements

12 thoughts on “СМС, ес ем ес.

  1. Имао сам жељу да направим блог на коме ћу чувати за мене неке посебне текстове. Да ми буду при руци увек. Видим да су у коментарима моји омиљени аутори “the very best” за мене…Ти,Младен,Станислава…не знам зашто сам одустао од тога. Опет ми се идеја јавља….

    Liked by 1 person

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.