Во бело.

 

Целата се во бело. Бела свилена  кошулка со буби крагнички и од крагната до доле карнери и штофирани копчиња, …фустанче до над колена, …и тоа бело, а наборано на фалти чиниш завеса е од мајка ми, …ама таква беше модата, …токму таква. Кондурчиња бели слатки, заоблени напред, модел како опинчиња, ниска потпетица, со ременче преку рисот ама лакирани, светкаат од убавина. Во нив хулахопки, еее не беа свилени, не нее, обични беа, ама нови неизупкани.

Ете тоа беше девојчето во бело кое дури и панделка на сплетената коса и беше бела.

Освен облеката, целата таа беше нежно бела, …не тенот не и беше бел, напротив исончан…нежно бела и беше душата. Мирна, фина, позитивна. Насмејана.

Во бело, беше многу педантна. Најбело од се на неа беа забите. Светкаа. Верувам благодарение на нејзините бели заби и бродовите се разминуваа во ноќите без месечина.

Јас ги обожавав тие бели заби, тој беспрекорен здив, таа насмевка.

 Но се плашев од нејзиниот поглед. Незнаев што значи. Понекогаш мислев дека значи Запри Мишко, а понекогаш Ѓихај Мишко.

А Мишко би трчал и по угорнина. Би ја носел на грб, како што еднаш за викенд ја носев преку река. Многу убаво било да си Мишко, …ај да не си ги покваси чорапчињата, …ех една рекичка до појас што е тоа. Ништо. Колку убаво беа сплеткани нејзините раце околу мојата глава. Уф, да се чудиш.

На другата страна од реката, јас и кажував некои глупи вицеви, излижани од времето на кои таа не обрнуваше вниание. Не се смееше. Само ме гледаше во очи. После долго време, неколкупати ми се насмеа ама не верувам дека тоа беше смеење на вицот. Мене ми се насмеја.

За назад не сакаше да ги користи моите такси услуги. Го наводени фустанчето и се, се, се, што беше под него.

Потоа мижев додека да се преслече. Чесен збор ни за секунда не отворив око.

Попат додека го возев украденото од дома милечинквеченто многу малку комунициравме. Јас се грижев да не си ги прелади јајниците. Таа се грижеше, зошто воопшто тргна со мене. И така двајцата загрижени стигнавме.

Бргу набргу педантната се катапултираше во еден прекуокеански брак.

Зарем не е најисправно женските  да стануваат возрасни со 17 години а машките со 24. Замислете во исто одделение машко повозрасно од женско ааа добра варијанта зарем не…а јас кутриот една година порано тргнал на ушилиште, а таа навреме…и ајде снајди се, …абе можеше и да ме помоча само ако сакаше.

И фати света натаму преку вода и остана 1:0 за неа.

A многу пријатен здив имаше.                                 

Вобело дали некој друг Те носеше на ќукш? Дали се сеќаваш која песна одеше на радиото додека се враќавме накај дома. Си заборавила, Имам страшног дечка када спава мирно спава ништа не тражи.

Нека си среќна Вобело, ова е само блог.  Впивај ги сите мигови и живеј го животот како што треба.

 

Advertisements

15 thoughts on “Во бело.

    1. …паа, добро запажање, …нисам могао да откријем ту харизму, …нисам био на јасно дали ме жели или не…сваки тренутак је био различит и прича за себе.

      Liked by 1 person

      1. …баш си друг, хвала Ти…боље потрошити пола сата на блог него попити те нервозне лекове…ја себе убрајам у категорију да више волим да читам, дневно добијем око двеста мејла али прочитам пола.

        Liked by 2 people

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.