ПОЛОВНО И МНОГУ ПОВОЛНО.

 

Ееееј мила види види ова, хехее, мила ова мора да да го прочиташ, о Боже секакви не има, дојди мила, дојди веднаш, ма доојди душо само минутче да прочиташ еден оглас. Види каков заебант е овој а оставил и број од мобилен.

Читај љубов моја, рацете ми се заплеткани во тесто, еве се претворив во уво, што е тоа толку интересно да си толку воодушевен?

Слушај го ова, Продавам Сон, Мексико За Двајца. Сонот е како нов, неупотребен. На моменти е само пробуван.  Да, целосно е исправен и бидејки не ми го треба повеке евтино го продавам.

Ах душо тоа некој продава карти, преодложен лет, можеби евтино ќе ни ги продаде, ааа, можеби е на зорт.

Не љубов моја ова е некој неранимајко, заправо фантазер без азимут, овој има бесплатни минути на таа мрежа и брка осамени женски да му се јавуваат, пуф ама финтаџија, да му се плукнам на ваков сериозен весник да печати вакви провидни огласи.

Де сакан мој, немој толку жустро на прва, мојата женска интуиција вели ова е само некој тешко и непоправливо ранет. Ако не ми веруваш ајде ќе му свртиме.

Јас несакам ни попат да го сретнам а ти ако сакаш еве забавувај се со некој тупаџија.

Добар Ден господине се јавувам по повод огласот, за кој датум е летот и колку чини.

Извинете, ама јас не сум туристичка агенција и не продавам карти, грешка сте. Пријатно, Ви посакувам убав ден.

Почекајте, можеби Вие го продавате мојот сон, можеби сонот што го продавате треба токму јас да го купам.

Ах тоа морам да го проверам лично, знаете сонот е како некое домашно милениче, не се дава на било кој.

Се слагам, проверете, спремна сум.

Дали сте многу вљубена?

Ох даа сум.

Колку многу?

Многу многу, повеке од тоа здравјебоже и неможе.

Сепак некој ориентир, сто кила, сто километри, сто бакнежи.

…ааа не не, љубовта е немерлива величина, лимесот тежи кон бесконечност.

Ми се допаѓа Твојот одговор, него дај одговори ми на второво прашање, Кој посилно и поискрено сака мажите жените или жените мажите.

Видете, јас за цело време како сум заљубена ниеднаш не се сетив да размислувам за такво нешто…а зарем е тоа важно. Мене ми е битно јас да сакам искрено и силно и не очекувам ништо за возврат.

Мммм прекрасен одговор…и уште третото прашање, дали љубовта оксидира и е склона на корозија.

Да секако дека се расипува, но има заштита, топли погледи, нежни допири и чести бакнувања.

Е сега навистина ми е жал за Вас. Вие точно одговоривте на сите прашања ама јас се предомислив. Сонот многу ми значи. На розевата кутија пишува дека е со неограничен рок. Бидете храбри, не користете шаблони и направете си сами свој Сон.

БипБип врската се прекинува.

Дефинитивно кутијата останува моја. За сите времиња. Цепелинот е уредно спакуван, наланите се тука, и ореовиот прстен, и бамбусовата нараквица и сламениот шешир…нека, никогаш не се знае.

П.С. Убавице, среќен Ти јубилеен …

 

 

 

 

14 thoughts on “ПОЛОВНО И МНОГУ ПОВОЛНО.

  1. Kad naštelujem ventile, pa kad se ubacim u makedonski jezik, ja sve razumem, uopšte se ne šalim. 🙂
    I obožavam kako pišeš, lako i pitko, što bi rekao jedan moj kolega (meni!): ‘Vi, koleginice, imate tako lapidaran stil…?
    E tako i ti, lapidaran stil i ja uživam 🙂 ❤

    Liked by 2 people

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.