РАНЕТАТА СРНА И НЕЈЗИНИОТ ВИТЕЗ.

 

Таа беше како ранета срна.

Ранета од незнам кој, ранета од незнам што. Самата рана беше уште незацелена. Остатокот од стрелата се уште беше во нејзиното тело. Лузна од некој стрелец. Проклети стрелци.

Можеби животот ја застрелал, можеби некој нехајно, …несакајки, …незлонамерно, …од невнимание.

Сепак беше ранета.

И споро се движеше низ шумата. Околу наоколу дрвја, …дебели буки, двајца едвај да ги опфатат. Сонцето тешко допираше до почвата. Крошните правеа дебели сенки. Само мов насекаде. И лисја одземени од стеблото и кутнати на земја.

Полека идеше кон едно изворче. Полека по угорнина. Сакаше душичката да си ја понуди со малку вода, да бар на трен ја згасне жедта. Се осврнуваше а знаеше дека и нема помош. Беше сосема свесна но сепак се осврнуваше. Одникаде утеха за нејзината младост. Одникаде жал за нејзиното кревко тело. Младо тело. Млада нежна кожа. Мека, кревка и мазна. И лузна на неа. 

Стаса некако до изворот. Ја замиваше раната. Крвта ја матеше водата во розова…

Однекаде дојава Нејзиниот Витез. Дојава како што му и доликува. На бел коњ. Целиот во лимен оклоп. Лимени набори на целото торзо. Лимени штитници на рацете, лимени штитници на нозете, црни чизми, па и преку нив лимен штит. Со меч, остар и јак, кој му висеше во корицата.  

Кога ја здогледа срната, ги виде сите бои на есента во нејзините очи. Светложолта, румено црвена, затемнето црвена, сребрено кафена. Ја гледаше, … и ја гледаше и и се восхитуваше. Ги бараше боите на пролетта ама не најде ниту една. Едноставно такви бои немаше во нејзините очи.

Се симна од коњот, се сведна со едната нога во рицарска положба и го извади мечот од корицата. Го нагреја мечот колку што можеше подобро и се обиде да го извади остатокот од стрелата.

Обидот беше неуспешен. Розевата вода стана поцрвена. Само уште бол. Нова болка. Поголема и пострашна.

  • Ејј, внимавај срничке.
  • Пссст, немој ни случајно да си се обидел да ме вразумуваш, баш ми е гајле што ќе биде со мене.

 …и продолжи да се движи нога пред нога по самиот раб од плочникот, полека, …со раце широко раширени и дланки свртени кон горе, … и  глава силно зафрлена наназад  кон небото, …зурејки се во облаците ги ловеше капките дожд на нејзиното лице.

Уште една целосно непроспиена ноќ.

Само бол за нејзините млади години. Со што ли заслужено? Со ништо не предизвикано. Едноставно и се свиткал товарот на врат, како некој смок силно ја стегнал  да ја ничкоса. Со каков ли повој беше повивана кутрата?

Живот…мака…пожар, …се пеплосано.

 

 

Advertisements

7 thoughts on “РАНЕТАТА СРНА И НЕЈЗИНИОТ ВИТЕЗ.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.