Не ѕвони, клуч е под чергичето.

 

Во едно место, на едно ритче луѓето се собираа како на чешма. Местото не беше бројно и воглавно сите се познаваа. Си зборуваа. Се запознаваа. Си разменуваа убави, помалку убави и неубави зборови. Како на чешма.

Еден ден …

Еден ден, едно момче стасано за женидба и се нафрли на една убава момичка. Море вака, море така, држ недај, абре убре, …и се изгледаше дека ќе ја биде работата.

Тој, авангарден, силен, кога велам силен, мислам море многу силен, мажиште. Мажиште ипол, за малку да вреди за двајца.

Таа, убава, згодничка,  пристојна, со убави манири.

Заедно се љубеа кога никој не ги гледаше. Море, море, љубењеее.  Заедно воздивнуваа. Заедно будни ги дочекуваа утрата уживајки во залезот и изгрејсонцето. Ете толку беа заедно.

Тој, што да Ви кажам, беше кавалер на место, …и подаруваше цвеќе, …и подаруваше чоколадни бомбони, …и подаруваше …, ма верувајте ми, вистински кавалер беше.

А таа пак, момичка, …дали имаше почедна душичка стварно незнам, душа, душа памукче.

Многумина им завидеа.

Многумина посакаа да им ја расипат среќата.

 Што беше, како беше незнам ама само се расчу  дека Тој бил блокиран од нејзина страна.

Ете, таков е животот.

 

Advertisements

16 thoughts on “Не ѕвони, клуч е под чергичето.

      1. Хвала Вам пријатељи моји. Кључна реч у овај блог се налази у реченици, цитирам, Што беше, како беше незнам ама само се расчу дека Тој бил блокиран од нејзина страна….е сад то блокирам је оно о чему причам. А причам о интернет љубави, “воле се” по годину две, ал камера је камера, није живот…једном се украли у те две године, док је тата спавао, …ал место је било право, и време је било најтачније, …и шта се десило?… па десило се после девет месеци да неко пати, …сад се воле, па се мало јуре, па опет се страсно воле, па у пола ноќи она купи прње и бебу у руке и назад одакле је куцкала на интернет, па после ајде доѓи опет знаш кључ је испод отирача.

        Liked by 2 people

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.