Што јас видов сјајно во делото: Сјај, од авторот Дејан Златиќ

рецензија

Што јас видов сјајно во делото Сјај, од авторот Дејан Златиќ.

 Ова е само едно видување на Херр Момо.

 Па што вели мојата маленкост одиме со ред.

Јас сум презадоволен од овој роман. Времето, …добро внимавајте, пишува, …времето вложено во ова читање е многу паметно инвестирано време. По завршување со читањето сигурен сум нема да останете рамнодушни, веројатно ќе посакате некого да гушнете или да свртите некој број и да му кажете Ејј, јас Те сакам…поемотивните ќе потрошат многу палома марамчиња.

Тема на романот е животот на главниот лик Боро Дрнч од колевка па до заминувањето од овој земен свет. Содржината на книгата  максимално ќе ја  одбегнам, односно ќе ја прикријам…накратко, го опишува тешкиот живот на еден работник, селанец, овчар, мајстор, … човек пропратен со порокот алкохол. Меѓутоа воопшто немој да замислувате книга како борба против алкохолизмот. Не. Авторот воопшто не го осудува главниот лик. Дури и пошироко. Авторот не осудува никого, не ја осудува ни моралноста или неморалноста на сите други ликови во романот. Тој само изнесува факти на виделина. Значи тоа е тоа, понатаму Вие судите, пресудувајте и размислувајте. Ама верувајте ми, по стапките на Авторот и јас продолжувам да не го осудувам Боро Дрнч за сите негови алкохолизирани мигови. И сега сите што ме познаваат, би ме запрашале, абе Херр Момо зар дојде време Ти кој од дното на душата не поднесуваш пијандурки да ни го претставуваш Боро како позитивен лик.

Не. Јас и понатаму не поднесувам пијандуркиама сакам да Ве наведам дека сета алкохолизираност на еден главен лик во романот е сосема споредна работа. Авторот апелира на една многу подлабока суштина на романот. Суштина на човечноста во себе. Порокот не може да ја намали човечноста во нас. Или ајде вака, многу добро е познато дека никој не е совршен, па зошто да му судиме на некого? Зарем сме судии? Зарем сме Севишен, мил и златен Господ?

Не, ние сме обични смртни гревчиња кои живеејки во овој живот таговен, да гледаме да не повредиме друг, да не нанесеме зло, да истакнеме нешто убаво и сјајно што го носиме во срцето уште од најраното детство. Ете тоа убавото, ако го имаме во срцето,  ќе не воодушеви овој роман. Сите кои имаат камен наместо срце и тие исто така ќе се воодушеват. Зошто? Па затоа што овој роман ќе го столчи тој камен како што толчи синергичното дејство на некои билки кои  топат и камен на бубрег. Но што ако имаме срце забетонирано со повеќеслоен тврдо армиран бетон? Е тогаш само ќе видиме 400 страници биографија на едно сиромашно детенце. Вештите во читањето ќе увидат и пошироко како било да се живее во годините после војната пред интернетот.

Но да се навратам на поентата и да Ве запрашам за едно сосема кусо  делче од романот,

Kој е вистински родител? Дали е родител кој ох, ох, ооф се намачил околу доаѓањето на свет на едно детенце и после се одрекнал од него или родител е оној кој што и покрај фактот дека не е биолошки родител продолжува да се бори со животот за да помогне на децата си?

Такви и слични размислувања ќе имате ако го прочитате овој роман кој топло Ви го препорачувам. Романот изобилу со настани, сигурно нема да Ви биде здодевно, нема да прескокнувате редови, ќе читате миц по миц, ред по ред. Ќе наидете на прекрасни описи, описи со кои ќе имате чувство дека сте во самата просторија заедно  со главниот јунак пред Вас. Ќе посакате и Вие светло и сјај над ликот на Боро Дрнч како што и тој самиот целиот живот посакува повеќе светло кое му недостасува. Но Боро, светлото и сјајот ќе го добие постхумно со помош на авторот Дејан.

Овој филозофски роман за смисолот на животот е: СЕ, само не критикување на личности. Тоа е воздигнување на смисолот да се живее за убави човечки вредности: дом, семејство, другар, пријател, љубов.

Единствено што му замерам на авторот е првата сцена:  Боро како се снаоѓа со жената на шумарот, е тука малку бил шкрт на зборови и описи, можел малку понадолго и понашироко…хе хе, само се шегувам, чисто да Ви ја  голицнам фантазијата.

Дело кое се чита онака како што жеден пие вода. Наискап. Седнувате, почнувате и ја довршувате. Немој да заборавите на Вашите физиолошки потреби да ги завршите пред почеток на читањето, за да  не се доведете во некои комични ситуации, да читате во тоалет.

Делото ако се јас прашувам би требало да биде преведено на повеќе светски јазици и многу одговара за екранизација.

Не заборавајте да го погледате видеото.

https://www.youtube.com/watch?v=HJjnaC-T1L0

Текстот  на песната е одличен, сликата со вперена глава нагоре многу одговара на насловот, Мирко прекрасна е музиката а и машкиот рокерски глас само е уште еден доказ за нешто навистина многу вредно.

И за крај, ДЕЛОТО Е МНОГУ ПОУБАВО ОД МОИТЕ ЗБОРОВИ .

Дејане, https://oblogovan.wordpress.com/

секоја чест!

Ве поздравувам сите, Херр Момо.

Advertisements

11 thoughts on “Што јас видов сјајно во делото: Сјај, од авторот Дејан Златиќ

  1. Pretty great post. I just stumbled upon your
    blog and wanted to say that I have really loved surfing around your blog posts.

    In any case I’ll be subscribing in your feed and I
    hope you write again soon!

    Liked by 1 person

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.