Рози на Џадето од Душко Трифуновски е најдобар расказ за 2018 година

via Рози на Џадето од Душко Трифуновски е најдобар расказ за 2018 година

 

Трет обид, два обида за реблогирање.

Си зедов малку слобода да Ви земам малку слободно време.

Решив да го реблогирам блогот затоа што сметам дека не е лошо уште еднаш да му придадеме важност на овој преубав конкурс, конкурс за краток расказ или јас би го нарекол Можност да ја претставиме убавината на македонскиот јазик. На кој начин можеме да ја претставиме убавината на македонскиот јазик на читатели од немакедонско говорно подрачје? Па оваа е најубавиот начин.

Верувам дека сите помалку докажавме дека знаеме да твориме, ама некако јас лично не сум задоволен од восхитот на учесниците од завршетокот на конкурсот, од овациите, од честитањата.

Некако, како да сме малку егоистични. Како сите да очекувавме да бидеме ние самите победници, или барем да победеа нашите фаворити.

Ете моите фаворити не победиа и што сега, треба ли да не ја споделиме среќата со победникот…ЕЕЕ јас баш се одлучувам до сочувствувам со среќата на победникот. Од срце, мои честитки.

И молба до организаторот на конкурсот, што поскоро да го одреди датумот за следен конкурс, затоа што да направам споредба сега се купуваат карти за Виенскиот новогодишен концерт, сега веднаш после новагодина.

Јас на овој конкурс учествував со овој расказ.

 

Девојчето со изгубена насмевка – Херр Момо

Здраво девојче!

Не, Те молам немој да ме негираш сè уште си за мене девојче. Нека Ти се годините, годините не Ти пречат. Воопшто не се многу. И да, како и секогаш изгледаш преубаво, претпоставувам дека многу внимаваш на исхраната. Убавото лице станало уште поубаво, со дневни и ноќни кремички, зарем не?

А да Те прашам бе девојче, кај ја изгуби насмевката…и зошто, зошто?
Јас Те паметам како насмеана, со една многу природна и гласна насмевка.
Со тие бели запчиња под таа насмевка.

А види сега, убава, ама брате многу си озбилна…како сите гладни и жедни од светот да се на Твојот грб, …како да сакаш да го решиш глобалното затоплување на планетава.

Одмори се девојче.

Помини на стари места.

Земи здив.

Помирисај дали сè уште местата мирисаат на љубов.

Помини низ паркот покрај училиштето…побарај ја нашата клупа, можеби сè уште стојат нашите иницијали врежани за време од беганите часови.

Пробај да се сетиш на вкусот на принцез крофните и лимунадата со вкус на круши во единствената слаткарница во градот и на масата број четири во аголот.

Можеби ќе си спомниш и …
…и како не буткаа со нозе во дрвените наслони од седиштата на кои седевме во киното Напредок, додека зимските јакни ни ги прекриваа рацете што се милуваат а ние го гледавме индискиот Бидаи по незнам којпат.

Знам, ќе кажеш, било поминало. Минатото не се враќа.

Не, нема да се вратат одморите во Како Струга Нема Друга.

Да, денеска нема толку убаво сонце како тогашното кое толку убаво го милуваше Твоето костимче за капење со цветен дезен додека Ти го разбрануваше езерото пливајки со тие прави нозе. Ах тие денови, и тие непреспиени ноќи…ноќи на гитаријади во Соколана. Ноќи на логорувања, шатори за двајца и концерти на Ваљак.

Сè било попусто. Човекот еднаш замижува, а Ти замижа во најкобниот момент.

И Твоето Да кое Те окова.

Можеби да бев подобар стражар, …и да имав некое наградно оtсуство, …и поштарите побргу да ги носеа писмата во боја, …и да имаше некое скратување кое ни го ветуваа…и Ти да имаше поголема верба во нашите соништа…

Можеби, можеби.

П.С. Јас се уште сонам со отворени очи. Девојче Те земам во раце, Те пренесувам преку куќниот праг и Ти ја враќам изгубената насмевка.

Автор: Херр Момо

 

 

 

Advertisements

8 thoughts on “Рози на Џадето од Душко Трифуновски е најдобар расказ за 2018 година

  1. Преубаво кажано. Браво. Многу ми е мило кога има разумност меѓу сите. И вашиот расказ е прекрасен, го прочитав во целост, и овој со Розите… Овој пат победи Трифуновски, следниот пат Вие, третиот пат некој друг… Секој учествува за нешто да добие, а најважен е аплаузот и подадената рака. Ништо друго не е важно колку што е важна честитката од сите учесници. Браво и секоја чест!

    Liked by 2 people

    1. За мене е најважно нови познанства и чувството на дружење …нови прочитани текстови…уште кога би било и некоја манифестација со директно запознавање уште поубаво…мислам дека треба да има што повеќе слични конкурси, благодарам за коментирањето.

      Liked by 3 people

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s