Стоп за петарди.

Липе цвату, све је исто ко и лани… И лани, и полани, и преклани, море и како паметам за себе секоја божјановагодина се едно те исто. Прднибоженанашавеселба, веселба со петарди.
Секоја година ќе трубиме дека се забранува употреба на петарди и друг пиротехнички материјал, ама ние ќе си баеме а караванот ќе си врви.
Одкај ли не снајде оваа бедна навика да се пукаат петарди за Нова Година. Што ли е тоа толку возбудливо и интересно да се пукне петарда. Дали сме појаки? Дали желбата да свртиме внимание кон себе е заправо позадината зошто пукаме петарди?
И тоа што сме живи сведоци на црна хроника каде икс дечиња се останати без прсти, и тоа не не опаметува.
А производителите се се повеќе екстремни во количината на барутот во едно полнење на една петарда. Па тоа не е веќе петарда, тоа е топовска експлозија.
А како ли се чувствуваат животните, кучињата и мачињата, или старите и болни лица кои будни го дочекале изгрејсонцето и таман склопиле очи а децата ќе им треснат петарда под прозор. Што да прават…Да пријават во полиција, а ха ха хаа колку е тоа смешно, затоа што има многу убаво да им се насмејат во фаца. Ма дајте луѓе не замислувајте социјалистички милицаец кој со пендрек во раце ќе брка деца со петарди. Тоа заминало во plusquamperfekt, бившо минато свршено време.
Сега сме модерни и модерно се забавуваме, а јас сум нелиберален и старомоден тип со застарени сфаќања.
Јас да се прашувам, како што воопшто не се прашувам, јас би сите кои се одговорни за овој граѓански проблем а замижале пред своите обврски, замижале за да си го наполнат џебот, сите би ги закачил на бандера за нивните репродуктивни органи.

Advertisements

6 thoughts on “Стоп за петарди.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.